• Latest

О2 иницијатива: Нема казни и одговорности за незаконските узурпирања на јавното добро

January 17, 2019

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

О2 иницијатива: Нема казни и одговорности за незаконските узурпирања на јавното добро

January 17, 2019 11:19
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

О2 иницијатива на социјалните мрежи изнесе свој став за Предлог-законот за просторно и урбанистичко планирање, каде укажуваат дека се продолжуваат и надградуваат лошите пракси кои досега требаше да запрат.

Според нив, омилената реченица на претходната власт станало непишано правило на новата власт, која ветувала промени.

„Промени и да има, се прашуваме колку се тие во корист на граѓанинот, поточно – на јавното добро пред личното. Во областа на Урбанизмот некои големи подобрувања и по 2 години нема, барем не толкави колку што беа ветувани. Зградите повторно никнуваат на атрактивни, примамливи локации, се продава државно земјиште по багателни цени и сè е согласно уредби, закони или покриено со немање ингеренции, можности итн. И тоа што до некаде има мораториум и стопирање на градежни активности е дело на граѓански активизам, но до кога?

Не е проблем што немаме веќе доволно зеленило, немаме воздух, туку проблем е што градежните компании кои имаа огромни профити изминатата година заради стопирање на ДУПa и неможност да градат на „примамливи“ локации сега имаат намален профит.

Казни, одговорности за незаконските узурпирања на јавното добро, за исчезнатите паркови и зеленила, нема. Напротив, пред неполн месец Градежната комора на Македонија во паника бара од Министерството за транспорт и врски да најде начин и да го “заобиколи” мораториумот во Центар и укинатите ДУПови во Карпош за да продолжат со градење и бара во најбрз можен рок да се донесат новите Закони за просторно и урбанистичко планирање и Законот за градење (доборо познати на Градежната комора, зошто била консултирана во тек на изготвување на овие закони) со кои „ќе се реши најголемиот проблем од изминатава година блокирање на веќе донесените ДУПови“.

Токму тие два закони се оние кои во рок од 10 години (2006 до 2016) претрпеле 13 измени на Законот за просторно и урбанистичко планирање, а 25 пати на Законот за градење. Нормално секогаш тие промени оделе во прилог и на барање на инвеститорите, а резултатите ги гледаме секојдневно.

Ние направивме анализа на новиот Предлог-Закон за просторно и урбанистичко планирање, за да видиме како тоа “ќе се реши” проблемот со укинатите/блокирани ДУПа, како што ги увери и министерот Goran Sugareski сопствениците на градежните фирми кои сакаат да градат во Центар и Карпош. Имаме голем број забелешки кои ќе ги доставиме до институциите, но тоа што сакаме да го потенцираме се неколку ФРАПАНТНИ работи за нас.

Во Јули 2017 година Уставен суд на Р. Македонија носи Одлука со која е СЕ УКИНУВА член 50 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, http://ustavensud.mk/?p=11708. Членот 50 се однесува на Урбанистичко-планска документација за градби од посебен интерес, кои се тие градби и по каков критериум, не е дефинирано, за тоа одлучуваше Владата на Р. Македонија и за таквите градби јавноста не се прашуваше и не беше вклучена во нивното изготвување. Поради овие причини овој член и се укина од Уставниот суд.

Токму кога мислевме дека тоа е позади нас, во новиот Предлог-Законо сега имаме нова категорија: Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење. Тука спаѓаат национални паркови и заштитени подрачја, минерална експлоатација (рудници, каменоломи, минерална и термална вода, итн), хидроелектрани. Сите овие катергории се едни од најпроблематичните за јавноста, која бара вклученост во носење на одлуките поврзани со нив, а не комплетна исклученост, како што е повторно предвидено без јавни презентации, без јавни анкети. Згора на сè, имаме повторување на “мала” недореченост која отвора многу можности и со која секоја одлука на Владата се покрива, а тоа е делот “и други подрачја и објекти од државно значење”.

Изминатата година со наши претставки беа Укинати 4 ДУПа во општина Карпош, а еден за општина Гази Баба, кој овозможува градење на тешка загадувачка индустрија, е во постапка. Кај сите овие ДУПа главната причина по кои се укинуваат одлуките за нивно донесување е непочитување на член од Законот за просторно и урбанистичко планирање, според кој се предвидува носење одлука за спроведување или неспроведување на Стратегиска оцена за влијание врз животната средина и врз здравјето на луѓето, согласно Законот за животна средина.

Во новиот предлог закон Стратегиска оцена не постои, буквално самиот поим Стратегиска оцена не се спомнува, дури не се ни посочува дека при носење на планската документација треба да се почитува и треба да важат одредбите од Законот за животна средина, како што се спомнуваат други закони.
Дали намерно е ова „заборавено“ и недоречено? Дали е ова начин причината за укинување на ДУПовите да се елиминира? Според нас е токму тоа. Во преодните одредби на новиов Предлог-Закон стои дека одредби од други закони, ако не се пропишани со овој закон, нема да се применуваат.

И сега доаѓаме до начинот како ќе “се реши” проблемот со мораториумот и укинатите ДУПа и ќе може да се продолжи со градење во “атрактивните” општини Центар и Карпош.

Во новиот Предлог-Закон, ставен е сосема нов член, кој наоѓа решение за укинатите ДУПови од Уставен суд во Карпош и сите можни укинувања, со тоа што вели ако урбанистичките планови/нивни делови/плански одредби се укинале од надлежен орган, се започнува постапка за изработка на нова план или ДЕЛ од план, а истовремено ПРЕТХОДНИОТ ДУП/УП или ДЕЛ од него СТАПУВА ВО СИЛА.

За мораториумот во Центар и други можни одлуки за мораториум/суспензија на ДУП/УП, вели дека одлуката за суспензија на ДУП/УП треба да се донесе врз основа на стручен елаборат за суспензија на применувањето на урбанистичкиот план, негови делови или плански одредби, изработен од комисијата за урбанизам, а по претходно добиено позитивно мислење од МИНИСТЕРОТ под чија надлежност е уредување на просторот. Преведено, пишано е така да се спречи мораториум, односно суспендирање на одреден ДУП/УП во иднина.

Одлуката за суспензија е на сила до донесувањето на измени и/или дополнувања на суспендираниот урбанистички план, НЕГОВИ ДЕЛОВИ или плански одредби, но НЕ ПОДОЛГО од ОСУМ МЕСЕЦИ – за дел од урбанистички план или плански одредби и ЕДНА ГОДИНА – за урбанистички план, а во спротивно ОСТАНУВААТ ВО СИЛА урбанистичкиот план, неговите делови или плански одредби.

Во Карпош, претходните ДУПа ќе си стапат на сила, а општината ќе може да пристапи кон изготвување на само ДЕЛ од ДУПот.

Во Центар, мораториумот ќе треба да запре и да стапат на сила стопираните ДУПови, ако нема нови готови.

Ова е тоа надминување на проблемите за градежниот сектор – како што им ветија на испаничените градежни моќници нашите државни институции кои по кој знае кој пат забораваат чии интереси треба да штитат.

Наместо да се работи на подобрување на законите во поглед на основните начела на кои треба да се темелат и да бидат во целосно суштински испочитувани во однос на потребите на граѓаните, во целата наша пракса начелата и темелите се само мртви букви на хартија, а потребите и барањата на граѓаните се гледа да се заобиколат во интерес на бизнис заедницата, чиј интерес се само парите.

Делот на Прекшочни одредби во новиот Предлог-Закон само го потврдува ова. Сегашниот закон, само за споредба има повеќе членови наменети за прекршоци, од член 95-118, во новиот само 4 члена, од 88-93. Не е само до бројот на прекршочни одредби, сведоци сме дека и тие што беа не помогнаа некој да биде санкциониран или да поднесе било каква кривична или матријална одговорност, проблемот е што наместо да се допрецизираат работите во овој дел одиме на поопштување и намалување на казните, така да колку и да згреши или да направи прекршок градоначалник или министер во спроведување на законските должности, ќе бидат казнети со максимална глоба од 3,000 до 5,000 евра, навистина застрашувачки, дури целомесечен буџет од патни трошкови може да отиде на казна.

Во однос на цената кој ја плаќаме сега, а која сигурно е многу помала во однос на идните последици од целосното досегашно и идно уништување „согласно законите“ споредбата е непотребна“, пренесуваат од О2 иницијатива.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ