Обдукциските наоди за 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски денеска пристигнаа во Јавното Обвинителство Скопје. Засега Обвинителството нема да објавува детали од обдукциските извештаи.
Првоосомничен за двете убиства е Љупчо Палевски – Палчо, кој е во притвор во Турција. Другите четири осомничени се во притвор, меѓу кои и таткото на Ѓорчевска.
Малолетната Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а според информациите од распитот утврдено е дека била убиена истиот ден околу 10 часот , а Панче Жежовски беше пријавен за исчезнат на 24 ноември.