• Latest

Обезглавување на криминалниот аждер

September 30, 2019
Илустрација ВИ

Одѕивот на локалните избори првпат не надминува 50 проценти, најнизок од независноста на земјата

November 3, 2025

Во вториот круг од локалните избори евидентирани се 19.287 неважечки гласачки ливчиња

November 3, 2025
Фото: Телеграм

Најмалку 15 цивили убиени, меѓу кои 11 и 14-годишно дете и уште 20 повредени во руските напади низ Украина во изминатиот ден

November 3, 2025
Скриншот од sec.mk

Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

November 3, 2025
Скриншот од видео на
LiveNOW from FOX

Израел потврди дека Хамас ги врати телата на тројца војници кои беа држени како заложници, осум тела на израелски и странски заложници сé уште се во Газа

November 3, 2025
Фото: Црвена полумесечина на Авганистан / Х

Најмалку 20 загинати во земјотресот со магнитуда од 6,3 степени што го погоди Авганистан

November 3, 2025

Локални избори 2025: Генерално мирен процес со сериозни системски и институционални слабости — прелиминарна оценка на ЦИВИЛ

November 3, 2025
Илустрација ВИ

По двата круга на локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ има 54 градоначалници, ВРЕДИ 9, СДСМ 8, НАИ 5, а ЗНАМ, ДПТ и УР по 1, две општини ќе ги водат независни кандидати

November 3, 2025

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Обезглавување на криминалниот аждер

Особено што, само до пред извесен период сте биле силно убедени дека криминалниот аждер ја блуел својата нечесност, зафаќајќи ги сите сфери на животот, а од никаде не се појавуваше оној рицер за да му ги исече главите и целосно да ги уништи.

September 30, 2019 09:30
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува МИЛАН БАНОВ

Динамиката и сосем видливата решеност н власта да се справи со една од рак-раните во општеството, несомнено зборува за веќе евидентно отворен фронт против метастазираниот криминал и корупција во државата, а тој нејзин наум и, секако, конкретните потези, опозицијата секојдневно и неуморно го толкува со она што беше примерено токму за режимот на Груевски и неговите. Значи, како стравовладеење.

Да, на многумина не им е премногу пријатно кога ќе се соочат со сознание за масовни иследувања и судски процеси, при што неодминлив е впечатокот дека огромен дел од македонската популација во незаконското работење ја препознал суштината на опстојувањето, меѓутоа, тоа, сепак, не смее да биде основната причина за да се забошотат фактите и одамна познатата вистина дека земјата ни е потоната во криминал. А, ако е тоа така, ако речиси нема човек кој може да ги оспори мастодонските димензии на гангстерството и мафијаштвото и ако „криминал и корупција“ е најчесто употребуваната синтагма во секојдневното комуницирање (нешто како „добар ден“), тогаш таа, бездруго, би требало да ја премости досегашната фаза на гола констатација низ конкретната борба против ова зло да го загуби својството на обична флоскула. И тука, немам сомнение, би требало да има општ конснзус и класично едноумие, независно од етничките, политичките, идеолошките или не знам какви разлики.

Меѓутоа, Македонија не би била таа и таква ако и во она што апсолутно, неспорно, тргнувајќи токму од овие разлики, не се види обид за погоре споменатото стравовладеење и селективнa борба против криминалот. А тие „аргументи“, кои страотно личат на Орвеловите „еднакви животни“, се поткрепуваат со долги низи списоци, по чие пребројување на криминогените лица, нивните кои, нели, по дефиниција се чесни, ги има значително повеќе, што бездруго е директен повод да се опструира владината акција и во неа да се препознае мотивот на одмаздата.

Па сепак, без разлика на опозициското одбивање да се соочи со вистината, напросто не може да се побегне од фактот дека за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ(да не го заборавиме ДУИ), Македонија ја доживеа својат криминална ренесанса, што само по себе сугерира дека криминалниот период го спроведоа токму луѓето од оваа политичка формација.

Значи, сегашната, сосема опиплива борба против оргнизираниот грабеж и против сета онаа бандитска братија; борба која конечна излегува од празната реторичка обланда, е само лигична последива и одговор на минатиот труд на оние кои ја испокрадоа државата и го осиромашија народот. И за жал, промовираа уверување (што веројатно е најголемото злосторство) дека ниту една доблест, никаква чесност, чест, достоинство, морал, хумност или пријателоство немаат право на граѓанство во оваа шаа кутра земја и дека единствено моќта и парите, независно како се стекнати, се тоа што се цени и за што вреди да се живее. Според тоа, иако делува грдо кога на телевизијa ќе го видите со лисици оној до вчера моќен и наакан медиокритет, не можете, а да не најдете разбрање за причинско последичниот однос на зосторството и казната. Особено што, само до пред извесен период сте биле силно убедени дека криминалниот аждер ја блуел својата нечесност, зафаќајќи ги сите сфери на животот, а од никаде не се појавуваше оној рицер за да му ги исече главите и целосно да ги уништи.

Борбата што ја спроведе власта во оваа фаза го досега ефектот на сечење една-две од главите на криминалното чудовиште во Македонија. И да не се залажуваме, ако не бидат „отфикарени“ сите, тие што ќе останат, ќе учествуваат во регенарацијата на отсечените, односно до нивно повторно изникнување. Во тој случај (а ми се чини таков е наумот на опозицијата), убиствена прегратка на криминалот и корупцијата ќе нè одвлече во темното и безживотно дувло од каде, потонати во мракот, сме ја загубиле секоја објективна шанса да го здогледаме еворпското сонце. Впрочем, тоа по кој знае кој пат ни го повторува Европа, па оттука кога официјалните претставници на EU ќе речатинтезивирајте ја борбата против организираниот криминал и корупцијата, сигурен сум, во интезитетот гледаат понагласена пресметка со криминалците и нивно ставање зад решетки. И уште сум сигурен дека и јавноста почнува силно да го поддршува овој став особено по  разбивањето на илузијата дека крадењето е нормална и несанкционирана работа во оваа држава.


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share52Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ