• Latest
Војо Маневски

Обичен разговор

April 5, 2021

Во мирување одлуката за штрајк на контролорите на летање

July 10, 2025
Фото: Х профилот на амбасадорката Дир

Смртоносни напади врз Кијив, Русија продолжува со бомбардирањето на Украина втора ноќ

July 10, 2025

Урсула фон дер Лајен се соочува со гласање за недоверба во ЕП поради КОВИД вакцини

July 10, 2025
epa06040850 (FILE) - A file photograph dated on 14 June 2012 (re-issued on 21 June 2017) shows European Union flags waving outside the EU Commission headquarters in Brussels, Belgium. The Jury of the 2017 Princess of Asturias Award for Concord, announced the European Union (EU) as the winner of the 2017 Princess of Asturias Award for Concord during a ceremony held in Oviedo, province of Asturias, northern Spain, on 21 June 2017.  EPA/OLIVIER HOSLET

Србија без напредок во борбата против корупцијата и владеењето на правото, оцени Европската Комисија

July 10, 2025

Велика Британија и Франција се согласија за прв пат да ја координираат употребата на нуклеарно оружје за заштита на Европа од „екстремни“ закани

July 10, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Активни девет пожари, под контрола четири

July 10, 2025
REAKCII VODA

РЕАКЦИИ: Недостиг на вода и во град и во село – сите ја делат истата мака

July 9, 2025

24 ЧАСА: Извештајот на ЕП усвоен без македонски идентитет и јазик, Мицкоски вели – остануваме горди; Еден повреден, нападнати новинари, приведен газдата на опожарениот отпад во Визбегово, Русија со масовен напад врз Украина по критиките на Трамп кон Путин

July 9, 2025

Во Крива Паланка три пожари, поради ветерот постои опасност да се приближат кон домовите на жителите на населбата Лозаново

July 9, 2025
Фотографија: Wikipedia

Литванија и Финска тргнуваат во масовно производство на мини

July 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Обичен разговор

April 5, 2021 06:59
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ

За да се случи разговор меѓу две индивидуи, потребна е случајност или намера и доволна воспитаност разговорот да има поднослива доза на толеранција меѓу учесниците. Договорот бара процес на подготовки и ускладување на различните интереси. Последиците од разговорот имаат влијание врз расположението на учесниците, а договорот, обврски за договорените страни и сите што зависат од договорот. Најголем проблем е почитувањето на договорот, зошто нејасен договор има нејасни обврски и различни толкувања на преземените обврски.

Втор ден од априлскиот месец, заглавен меѓу размислите околу лидерскиот договор и стравот за тоа колку ќе ни ги наруши секојдневните наши разговори, барам дефиниции во филозофските мудрости на Цицерон и Тодор Павлов. Секоја нивна запишана мисла ми изгледа несоодветна на времето во кое се обидуваме да најдеме некаква сличност со минатото, а да ни даде надеж за иднината. Кога веќе се најдов во филозофска дилема, размислував да побарам социолошка помош од проф. Страшко Стојановски и да видам што покажуваат најновите истражувања за состојбата на духот на моиве сограѓани. Во таква состојба на трилема вртев низ познатите правци на мојот град и како според Марфиевиот закон што го земам како оправдување, навигацијата ме води во една од култните кафеани на Штип. Изгледа навигацискиот правец одамна е поставен и не зависи од современите координати.

Две маси со намерници и со вообичаено мени составено од домашна и сезонска салата, е првата бусија што ја преминувам. На следното дебатно место четворица преокупирани со квалитетот на пастрмајлијата гестикулираат за доцнењето на пролетта. Седнувам на масата во ќошот и со докхолидејска сигурност го вознемирувам Васил меанџијата, наследник во традиција на занаетот од скоро еден век.

– Василе, една кисела и коњак ако може?

Филозофските дилеми веднаш се расчистуваат со влегувањето на Тодор. Стар вмровец со десетици изборни циклуси и премавнато преку глава три партиски лидери. Искуство кое не е за занемарување кога се работи за лидерите.

– Ооо, седма сило! – ми дофрла – Местото во ќоше е потаман, ем сè следиш ем со никој не се дружиш, а тука си со сите. Само после да не испадне да читаме каде сме биле и што сме кажале, а ние за ништо не се сеќаваме. Ама ве разбирам и вас новинарите од нешто мора да се живее… – додава со емпатија.

Театрално седнува на масата во средниот дел на кафеаната, а маската со црвено црни бои внимателно ја спакува во внатрешниот џеб, како да се работи за знамето на околиската чета.

– Василе донеси едно превриено кафе без шеќер и ракија со обична вода, минералната е за овие со поголем шлиф, како новинарот од спротива. Широка насмевка што ја разоружува помислата за било каква навреда и на изјавата и дава чаршиско значење на добар почеток на разговорот.

Таман заземам позиција за квалитетен разговор кога на вратата се појавува Ристо, долгогодишен функционер на СДСМ со длабоки корени од времето на СКМ. Неговото вистинско име Христо постоеше само во државната евиденција, не беше за јавност. Некако имаше премногу религиозен предзнак за времињата кога Господ мораше да биде во илегала.

– Ооо новинарче, од вас човек не може да се сокрие ни во кафеана. Мислев комитетот на партијата е место каде се донесуваат важни одлуки и се добиваат важни информации, а оно ти било прес-центар. Што и да кажеш, веднаш се викаат новинари. Изгледа ќе мора да живееме со вашето присуство како со УДБА што се живееше во добрите времиња… – И исто со широка насмевка и срдечен поздрав ја потврдува определеноста за дијалог и отчетност. Постојат моменти кога и покрај намерите и однапред планираните постапки, се постапува токму според диктатот на атмосферата.

– Тодоре брат, редно е да наздравиме за вчерашната победа на нашите фудбалери – со глас на Ивица Осим, седнува на истата маса кај Тодор, а при тоа не внимавајќи на пропишаното растојание. Блискоста е нужна кога си горд за победата на нашите фудбалери – И тоа кого победија? Германија брат,  четирикратниот светски првак. А и овие нашиве лидери решиле да сработуваат. Ај со среќа нека ни е!

– Василе, донеси по една добра ракија, ама од онаа што, кога се напиеш, пет минути дерманот не ти доаѓа, душата мискет ти ја прави! Тодоре може ли, јас да честам по една за победата, за вакви работи нема партии и глупости, сите сме едно.

– Абе брат, ние сме чаршиски луѓе ние си се знаеме добро, овие таму во врвот ако сакаат и очи нека си вадат, ние сме си наши – широкоградо и патриотски ја прифаќа понудата Тодор, а и станува и со подигната рака се поздравува со Ристо.

– Ти бе новинар, ќе ни се придружиш ли или ќе си седиш во ќошето? И ти си наш, ако си новинар – шеретски ме кани Тодор.

Засега јас ќе останам на дистанца и ако ви тргне детантот можно е спојување на масите. Заедничка маса е можна дури на крајот од дијалогот. Правила си се правила, се обидувам да бидам на ниво на дијалогот. Ајде де, пак нешто мудруваш. А што ќе се напиеш со нас за победата на репрезентацијата, за сите е радост. Може еден коњак и кисела, одговарам со тешка мака, дистанцирајќи се од понудата.

Слушаш ли Тодоре, коњак и кисела и после требало да му се верува. Како човек може да му верува на некој што покрај наша домашна ракија пие коњак. Јас сум сомничав, а мислам и дека вие вмровците не им верувате премногу. Братче, сам си бираш или си како нас или си како тие белосветските манипулатори. Василе, донеси му коњак и кисела, што да му правиме, сѐ изметнал, ама наш е. Се распламти разговорот меѓу партиските противници околу голот во Франкфурт на Каталински, дриблањето на Џаиќ над Камачо, филозофијата на Милјаниќ за фудбалската игра. Може човек да се подзамисли на длабоката фудбалска анализа: Се сеќаваш ли на играта на Сушиќ? Имаше долг пас што пола одбрана ја заобиколуваше. Милина од дебата, домаќински разговор.

Одвреме навреме заискруваше некое избледено сеќавање за Брегалница и Кежовица, но сѐ остануваше во прифатливи рамки. Е тогаш Брегалница изгуби од Пелистер два нула, а ние со Кежовица во Радовиш победивме со три еден, тврди Тодор. Ристо го оспорува резултатот и стои на својот став дека тоа било во сезоната 80-та, а не во 81-вата од фудбалската лига. Турите со задоволство доаѓаа и само ја надополнуваа победничката атмосфера.

– Василе, абе донеси некоја подобра салата, оваа зелената е како за зајци! Ако беше салата ова и зајаците ќе пиеја ракија, порачува Тодор.

-Е што е сега со зајаците, за фудбал зборуваме и за национален успех. Вие вмровцие и во вакви разговори не можете да не го споменете Заев. Човекот што вие го викате зајак е похрабар од сите ваши лавчиња без заби. Се инатевте на сѐ што ќе ви се предложеше, ама кога вујко Симо ви засвири како лисици со подвиена опашка си легнавте на брашното.

– Абре Ристо не знаеш ни името да им го кажеш како треба, а се правиш европејска левица… Се вика Вујко Сем од нивната кратенка УК. Јасно ми е заошто го сменивте името на Македонија за вас ништо не е свето, ниедно име не ви е важно, само  да сте на власт. Е што, Заев нели го слуша Калето?

– Денес изјави едно, а утре му пратат ферман и оп друго било, не бил доволно добро разбран.

Воздухот пополека се згуснува над дебатната маса и темите ги затвараат клепките, а само противникот од другата страна се гледа. Тараторот на Васил  прави мала пауза, за да се земе здив и да се подготви новата дебатна стратегија.

– Слушај бе Ристо, ќе го заболевте цел народ со пописот иако знаевте дека нема да успее, а да ти кажам искрено како на штипјанец јас во него не верувам. Има нешто зад сето ова – ги поставува координатите на маса Тодор.

Нема ништо страшно во попишувањето, тоа е статистичка операција, а вие од неа правите политика зошто немате други аргументи. Мицковски потиснат од внатре, од вашите, бара излез во некакви заговори и сѐ му е пропаднато. Е сигурно дека е така штом не е тој на власт. Тие околу него си уживаа во привилегии, а Заев им ги скрати. Нормално дека нема да го сакаат. Ако се политичари нека понудат проекти, па нека ги гласа народот. А не вака се не чини, а ние сме добри. Е, што они од Марс да не паднаа, по десет години беа на разни министерски и директорски места. Да имавте внатрешни реформи ќе можеше да се разговара, вака со кадрите на Груевски тешко ќе оди разговорот, го цементира својот став Ристо.

Тодор отпива од ракијата и мудро молчи неколку мига, проценува која вистина ќе го врати во дефанзива Ристо. Ја остава цигарата на работ од пепељарата и како на конгресот на ВМРО декламира,

– Кој кого надмудрил ќе видиме на изборите. Признавам само парламентарна победа кога од опозиција ќе добиеш доволен број на гласови и формираш влада. Парламентарни мнозинства кога имаш помал број на пратеници, е трговија во која даваш повеќе од противникот. Да се добијат избори од позиција на власт е како да се тркаш на сто метра, а противникот има предност од 30 метри. Е тоа е вистината за вашата доверба кај гласачите. А ако ти е за утеха и нашиот лидер немаше против кандидат и вашиот беше сам на изборите. Тоналитетот на неговиот глас постепено се зголемуваше, откривајќи неслутени височини. За  способноста на кадрите да не зборувам. Каде се зафативте да оправате запустивте ептен,

Овде некаде дијалогот помина во судир на разни тврдења и непотврдени гласини за големината на украдените пари од државниот буџет, за провизиите и неодговорноста кон сопствените граѓани, за вакцините и вонредните мерки. Пауза се правеше само кога се донесуваше новата тура ракија. Темите тешки, оловни, полека ги сушеа усните, а гласовите губеа на силина. Разговорот помина во тешка спротивставеност што одеше до длабочините на семејните потекла и одамна заборавените симпатии и љубови. Секое вклучување во разговорот повеќе личеше на завземање страна, отколку желба да се сведе разговорот на пристоен дијалог.

Како и во секоја домашна прилика, некој ја прекинува расправијата пред да има неповратни последици. Телефоните нервозно ѕвонат, а некој авторитетен од семејството не дозволува ручекот да се олади. Сметката се плаќа по пола, а при тоа не се остава можност утре да се зборува дека некој дал повеќе во заедничката сметка. Излегуваме надвор, а попладнето се предава на пролетната квечерина. Поздравот си оди со лицемерното:

– Не замерувај нешто, убаво е што си поразговаравме.

– Еееее, нема проблем, па тоа е демократија, секој да си каже што мисли.

Учтиво се поздравувам и гледам како се оддалечуваат. Овчеполскиот ветер ме принудува да влезам во клисурата зад Исарот, знам дека ќе ме следи до влезот на Ново Село, каде сите тие ветришта се смируваат и се вртат низ клисурата, пред да станат тоа што и сѐ, обично струење на воздухот. Бројам во себе колку ќе помине пред еден од учесниците во дебатата да се јави.

– Еј новинар, не замери нешто ако сум погрешил, абе знаеш какви се овие вмровците, нема разбирачка, ако не си подготвен да се караш. Ти немој нешто за ова да си пишувал, ние пак сме си наши, пак ќе се гледаме низ градот…

– Е слушај, знаеш зошто те барам. Абе да не претерав малку со разговорот, тешко е навистина на овие комуњариве да им докажеш нешто. Кога се на власт сите мислат дека се комесари. Ама што да правиш и без нив  не се може, какви сѐ, такви сѐ, наши сѐ. И утре треба да живееме во градот. А ти ако пишуваш нешто, гледај да не испаднеме за никаде…

Како одминувам накај средината на Ново Село, ветерот сè повеќе имаше ист звук… Истооо…

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ЗНМ

    Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Канта за смет

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Потресни сведоштва од Сребреница: Објавени снимки од првите сведоци на геноцидот

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ