• Latest

Обични разбојници и паразити

July 4, 2019

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025

24 ЧАСА: Лидерски самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје; Трамп му порача на Маск да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка; национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата во Србија; растат тензиите меѓу Баку и Москва 

July 1, 2025

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

July 1, 2025

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025

Од Голема блокада до Голема Србија

July 1, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

РЕАКЦИИ: Поддршка за студентите во блокада – време е Вучиќ да падне

July 1, 2025
Фотомонтажа; Скриншот од Влада на РСМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?

July 1, 2025

За Кос членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, Мицкоски очекува секаков инженеринг во ЕП

July 1, 2025
Фото: Скринчот од вифро на каналот Астра на Х

Украински дронови „со хируршка прецизност“ нападнаа руска фабрика на 1.300 км оддалеченост, на Крим уништени скапи руски системи за воздушна одбрана 

July 1, 2025

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ВЕКТОР

Обични разбојници и паразити

Кога, зад превезот на критиките, се напаѓа власта за да се извлече било каква корист, политичка или финансиска (многу често одат заедно), тоа е рекет. Тогаш, критиките, колку и да се на место, го губат значењето на критика и се претвораат во пресметка што понекогаш најмалку личи на политичка, а многу повеќе на лична борба, преполна со ниски удари

July 4, 2019 13:43
in ВЕКТОР, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Секоја влада на светот, макар и да е најдобрата (а таква нема), заслужува критики. Влада што не ја критикуваат, сигурно е авторитарна и ги корумпирала медиумите или целосно ја заробила државата, а со неа и медиумите. Звучи познато, нели? Долги години, само до пред две години, дури ни шепот не можевме да слушнеме против власта.

Критиките на секоја постапка на власта може да се упатуваат од најразлични мотиви и позиции. Најдобрата критика е онаа што им овозможува на граѓанките и граѓаните да вршат контрола и притисок врз власта, да ги осудат лошите политики и практики, да побараат одговорност, а секако и да ги поддржат оние политики што го подобрува квалитетот на живеењето на луѓето заради кои постојат институциите (а не обратно, нели?).

Кога, зад превезот на критиките, се напаѓа власта за да се извлече било каква корист, политичка или финансиска (многу често одат заедно), тоа е рекет. Тогаш, критиките, колку и да се на место, го губат значењето на критика и се претвораат во пресметка што понекогаш најмалку личи на политичка, а многу повеќе на лична борба, преполна со ниски удари. Особено ако тие критики доаѓаат од партиски штабови, а не од луѓе (интелектуалци, новинари…) што мислат слободно и независно, без компромиси со личните потреби.

Кога критиките ги упатува група што е валкана до гуша, одговорна за најголемиот дел од состојбите за кои „критикува“ (овде мора да се стават наводници), тогаш тоа е, најблаго кажано, неморален атак и манипулација, клеветништво. Кога не се користат, туку се злоупотребуваат фактите… Тоа попрво е валкана политичка борба со употреба на лажни вести. Врв на мизеријата е кога високи партиски функционери користат лажни вести и говор на омраза, а тоа го прикажуваат како слобода на изразувањето и конструктивна критика.

Не е критика на власта, кога нападот е ставен во служба на изопачените планови да се избегне и да се префрли сопствената одговорност на некој друг. Не е критика на власта кога сѐ што се споделува со јавноста во себе содржи прикриена или отворена, директна или индиректна омраза и кога се промовираат насилството и поделбите. Не е критика на власта кога нападите, па нека се и делумно или целосно оправдани, имаат единствена цел да се ослаби власта и така да се дојде на власт, без оглед на тоа колкави штети ќе претрпат општеството, институциите и државата.

Власта има кој да ја критикува. Тоа се луѓето со кредибилитет и чесни намери, чисти и јасни пораки, со факти и мислења зад кои нема политички и криминални мотиви, домашни или странски. Тоа се нервозни типови и типки чија амбиција никогаш не била три минути слава на социјалните мрежи. Тоа се луѓето што го разбираат политичкиот контекст и стратешките интереси на земјата во која живеат и работат. Има сосема доволно луѓе што критикуваат жестоко и бескомпромисно, а воедно имаат разбирање за нивото на одговорноста што ја имаат пред јавноста. Луѓе со идеја.

Кога критиката што ја пласира некој во јавноста е заснована на потреба да се ќари нешто од тоа, било што (!), валканиот компромис е веќе направен. Политичарите можат да прават компромиси, да играат игри, да манипулираат и да фаќаат кратенки до своите цели, а тие што критикуваат мораат сето тоа да го ловат и да го разобличуваат, во корист на јавноста и стратешките цели. Тоа е барем едноставно.

Ако ова го прифаќате, погледнете ги со нови очи „критичките“ медиуми и прес конференциите на оние, да ми простите, обични разбојници и паразити.

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

илустрација: “Octopus” –  Alyssa Rosales

Print Friendly, PDF & Email
Share115Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за настапот на претседателката на Самитот на НАТО?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ