Сајтот на руската Централна избирачка комисија бил под хакерски напад од ај-пи адреси од 15 држави. Тоа го изјави претседателката на ЦИК, Ела Памфилова.
Таа рече дека денеска меѓу два и пет часот ноќеска бил регистриран напад врз сајтот на Комисијата.
Пикот бил во 2:20 по московско време.
„Изворите на нападот биле од 15 држави“, нагласи Памфилова и прецизира дека биле нападнати и низа медиуми.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.