• Latest

Објава на Фејсбук манипулира со паушални податоци за Пописот

April 2, 2022

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Објава на Фејсбук манипулира со паушални податоци за Пописот

April 2, 2022 18:19
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОПИС
Share on FacebookShare on Twitter

Текстот споделен во овој пост на Фејсбук во никој случај не може да нуди „официјални резултати“ од Пописот, затоа што тие се  сооппштени три дена по објавата на написот. Во него се изнесени сосема произволни тврдења. На  Пописот во 2021 година доброволно не се попишале вкупно 132.260 граѓани или 7,2 отсто, но нивните податоци по административен пат сепак влегоа во статистичките пресметки. Меѓутоа за овие над 132 илјади граѓани државата нема податок на која етничка група и религија припаѓаат и кој јазик го зборуваат како мајчин.

Рецензираме пост на Фејсбук во рамките на кој е прикажан текст со наслов: „ВОНРЕДНИ ВЕСТИ: Официјални резултати, Македонците во пораст, Албанците иселени“, во кој се користат информации коишто со оглед на датумот на објавата на написот (27.03.2022), се неофицијални.

Уште од самиот наслов со ознаката „ВОНРЕДНИ ВЕСТИ“, е очигледна намерата за собирање кликови. Иако, во насловот се најавува текстот во никој случај не може да нуди „официјални резултати“ од Пописот, затоа што тие се сооппштени три дена по објавата на написот што го рецензираме. Уште на самиот старт на статистичката операција Попис, беше кажано дека резултатите ќе бидат објавени по шест месеци, односно на 30 март 2022 година. Текстот се повикува на информации добиени од „извори“ во Државниот завод за статистика, но  без разлика кои извори се користат, резултатите од Пописот кои ги соопштува на 27 март може да бидат само неофицијални.

Официјалните податоци треба да бидат точни, прецизни и позади нив да стои авторитетот на институцијата којашто ги презентира. „Официјалните податоци “, пак, кои ги нуди овој текст се некакви произволни претпоставки.

Вкупниот број на резидентни жители во Македонија изнесува помеѓу 1.830.000 и 1.850.000 луѓе. Од нив, помеѓу 63-64% се Македонци, додека пак 23-24% Албанци, а поради бојкотот 7% се неизјаснети, се вели на почетокот на текстот.

За разлика од овие бројки официјално објавените резултати од Пописот спроведен во септември 2021 година, покажуват дека вкупното резидентно население на Република Северна Македонија изнесува 1.836.713 жители. Според  етничка припадност, 58,44 проценти од населението се изјасниле како Македонци, a 24,30  проценти како Албанци.

Понатаму во текстот се шпекулира дека се користат „извори од Статистика“, според кои наводно:

Од тие 7% неизјаснети граѓани, дури 70% од нив се Македонци, а само 17% Албанци.

Ова е сосема произволно тврдење. На  Пописот во 2021 година, доброволно не се попишале вкупно 132.260 граѓани или 7,2 отсто, но нивните податоци по административен пат сепак влегоа во статистичките пресметки. Меѓутоа за овие над 132 илјади граѓани државата нема податок на која етничка група и религија припаѓаат и кој јазик го зборуваат како мајчин.

Според податоците од пописот, станува збор за лица коишто живеат во земјата, а од некоја причина не се одзвале на повиците за попис – од нив 66.338 се мажи, а 65.922 се жени. Нивните податоци се добиени преку базите на податоци од 12 институции, но освен како бројка, за нив во пописот нема никакви други податоци.

Во ниедна база нема податок за етничката припадност. Етничката припадност е чувство, не е нешто што може да се документира, така што за овие лица прашањето за етничката припадност, мајчин јазик, јазикот кој се говори во домаќинството и чувството за вероисповед ќе ги нема. Тие се празни, вели  за „Дојче Веле“, директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски.

Потоа написот се тврди дека:

Поради Левица и Апасиев и сличните на него, т.н. патриоти, наместо денес Македонците да бидат 65-66%, а Албанците 22-23% во Македонија, сега Македонците ќе бидат за неколку проценти помалку, а Албанците за еден или два проценти повеќе“.

И ова тврдење е паушално. Повиците за бојкот на Пописот секако дека одиграа големо влијание за да има над 132 илјади граѓани кои одбиле доброволно да се попишат, но оваа голема бројка се должи и на други фактори. Исто така, бидејќи не се знае нивната етничка припадност, не може да се каже како оваа бројка влијае на вкуниот процент Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми…

Директорот на ДЗС, Симовски  вели дека бројката на овие граѓани е резултат на бојкотот и на црните кампањи, но додава дека има и други причини за оваа појава. Пописот, пред сè беше спроведен во исклучително специфичен период во време на пандемија, кога многумина сè уште користеа годишни одмори.

Многу луѓе не беа физички присутни тука. Имавме и ковид, многу луѓе не отвораа врати поради тоа што се плашеа од евентуално ширење на болеста и брони други причини, вели првиот човек на Заводот за статистика.

Претпоставките кои се користат во креирањето на насловот на написот што го рецензираме не се поткрепени во самиот текст. Објавените официјални инфомации за реализираниот Попис 2021, покажуваат дека и насловот и самиот текст се базираат на шпекулации.

Така што, гледано во целина овој манипулативен напис ја дезинформира јавноста и очигледно е дека неговата намера е да го привлече вниманието на читателите, посебно во еден сензитивен период кога се очекуваа резултатите на оваа обемна статистичка операција којашто во државата се реализира по 20 години. /ВИСТИНОМЕР

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ