• Latest
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Објавен записник од истрагата за „Рекет“, дел од функционерите најавија тужби

August 25, 2019
фото: СДСМ

Раководството и сите членови на Извршниот одбор на СДСМ поднесоа оставки по предлог на Филипче

December 2, 2025
Скриншот од видео на
CNA

Путин се сретна Виткоф во Москва откако рече дека не сака војна со Европа, но е „подготвен за борба“

December 2, 2025
Фото: Х

Руски пропагандисти циркулираат лажно видео од Тајмс Сквер со билборд за обложување на „бегство“ на Зеленски од Украина

December 2, 2025

ЕКСКЛУЗИВНО – Пендаровски за ЦИВИЛ (2): Србија не нè турка во „српскиот свет“, нашите политички гарнитури го прават тоа

December 2, 2025
Скриншот од видео на
EU Debates | eudebates.tv

Могерини и Санино во притвор во истрага за измама во ЕУ

December 2, 2025
Фото: Амбасадорката Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Додека Украина и партнерите бараат дипломатски начини за постигнување праведен и траен мир, рф продолжува да удира по мирните градови

December 2, 2025

24 ЧАСА: Скопје вози во хаос; десничарската AfD исклучи член поради имитирање на Хитлер; Пендаровски ексклузивно за ЦИВИЛ: Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

December 2, 2025
Креирано со помош на ВИ

Скопје Среќна Нова 1984 година, со љубов- Големиот брат

December 2, 2025

Линеарно или процентуално? Пензиската дебата ја оголи најдлабоката социјална поделба во државата

December 2, 2025
Фото: МИА архива и Влада

МТСП: Исплатата на пензиите продолжува редовно, постапката во Уставниот суд не менува ништо во сегашниот модел

December 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Објавен записник од истрагата за „Рекет“, дел од функционерите најавија тужби

August 25, 2019 09:36
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Фотографија од записник со исказ на бизнисменот Јордан Камчев од истрагата за случајот „Рекет“, објавена во дел од порталите кои воедно и го прераскажуваат документот и пишуваат имиња на функционери, предизвикаа реакции со најави за тужби од премиерот Зоран Заев, министрите Никола Димитров и Радмила Шекеринска и пратеничката Фросина Ташевска Ременски, со негирање на каква било вмешаност во случајот.

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, пак, најави дека ќе преземе дејствија за утврдување на фактите како тие документи се протечени во јавноста и ќе бараат одговорност од сторителите. Порачаа дека ваквите неодговорни извори на информации и медиуми со ограничена цел, нема да влијаат врз решеноста на обвинителството овој случај да добие комплетна завршница.

Здружението на новинарите на Македонија  и Советот за етика во медиумите на Македонија, пак, побараа медиумите да се држат до професионалните стандарди, а политичарите да се воздржат од тужби.

– Прво, ја повикувам јавната обвинителка да ја потврди веродостојноста на записникот што е направен и чесно е да каже дали е тоа така кажано. Второ, секако дека ќе тужиме, зашто тоа не е точно. Неколку пати, јас отфрлав каква било поврзаност со Боки 13, Бојан Јованоски, врзана со случајот „Рекет“ и до ден-денеска стојам на тие ставови. Апсолутно е обврска на Обвинителството да објави јавно дали тоа така е кажано. Како што видов рано изутрината објавена е само една страница од записникот, а потоа се прераскажува, што претставува сериозна манипулација, изјави вчера Заев.

Министерката Шекеринска на својот Фејсбук профил напиша дека нема да бара извинување, туку веднаш ќе поднесе тужба бидејќи, според неа, овие „портали со непотпишани текстови обработуваат за своите ,непознати‘ газди. – Газдите ни ја крадеа државата, тие, пак, имаа задача да ја лажат. Лажат и манипулираат со јасна цел која ја гледаме на дело секој ден во судовите: да ги оневозможат, попречат или одложат сите постапки за криминалот, корупцијата и злоупотребите кои ги чувме во „бомбите“ и видовме на дело претходните 10 години. Создадоа мафијашка структура која одземаше фирми и уништуваше животи преку ноќ, која контролираше, уценуваше и плаќаше новинари, која знаеше само да потплаќа, купува и продава… и сега сака да избега од правдата и одговорноста. Што ќе прави? Истото тоа, но со повеќе лаги и повеќе пари. Не успеаја досега. Нема ни сега!, реагира Шекеринска.

Шефот на дипломатијата Димитров, пак, прво побара повлекување на текстот на порталот „Република“, во спротивно најави тужба.

– Барам веднаш „Република“ да ја повлече ноторната лага дека сум вмешан во случајот „Рекет“ и да ми се извини за одвратната инсинуација во текстот чиј сам наслов нема врска со наводите внатре. Во спротивно, прв пат во животот ќе тужам. Нема да дозволам пропагандата да ме валка во случај со кој јас немам апсолутно никаква врска. Мене сосема ми е јасно дека мојот последен статус разбуди многу духови кои очигледно единствено се плашат од луѓе без дамка криминал во своите кариери и поважно – луѓе подготвени до последно да се борат за правда, вели Димитров во демантот.

И пратеничката Ременски побара повлекување на текстот, во спротивно ќе се приклучи на тужбата.

Обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, како што информираа од Обвинителството, ја потврдува веродстојноста на фотографијата од објавената прва страница од записникот. Обвинителството, како што соопшти и претходно, нема да ги коментира останатите заклучоци и коментари на авторот. – Оргиналните списи од предметот ги поседува само Обвинителството, а копија од нив беше доставена до надлежниот суд, рекоа за МИА од Обвинителството.

ОЈО за гонење на организиран криминал во почетокот на неделава ја прошири истрагата за „Рекет“, и покрај двајцата осомничени за случајот, Боки 13 и Зоран Милески Кичеец, од средата во притвор за „Рекет“ е и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Таа е осомничена дека ја злоупотребила службената положба и овластувањата и се стекнала со лична корист, со тоа што, најпрво влијаела за ослободување од притвор и враќање на патната исправа, а потоа и дала предлог да се олесни положбата на осомничен во „Империја“ со негово прифаќање како сведок во постапката.

извор: МИА

Share40Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Ангел Ангеловски/PMD

    Пензионерите ќе останат без најавеното зголемување: Владата ја префрла вината на Уставниот суд

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Македонски портали усогласено шират малициозни тврдења на руска разузнавачка служба

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ЕКСКЛУЗИВНО — Пендаровски за ЦИВИЛ (1): Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Линеарно или процентуално? Пензиската дебата ја оголи најдлабоката социјална поделба во државата

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Трамп вели дека „трајно ќе ја паузира“ миграцијата од „земјите од третиот свет“ по пукањето во Националната гарда

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ