• Latest
Креирано со помош на ВИ

Скопје Среќна Нова 1984 година, со љубов- Големиот брат

December 2, 2025

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Демократијата не молчи ниту под сирените

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Скопје Среќна Нова 1984 година, со љубов- Големиот брат

December 2, 2025 17:08
in БЛИЦ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Креирано со помош на ВИ

Креирано со помош на ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

На 1 јануари 2026 Скопје и официјално ќе влезе во 1984 година. Тоа го обзнани малку помалиот Голем Брат Панче Тошковки, министер за внатрешни и адвокат на Големиот брат – Христијан Мицкоски.

Ве молам, немојте да се правите изненадени и вџашени, демек не сте знајале кога сте гласале. Големиот брат Мицкоски ова го најавуваше претходно во повеќе наврати.

И кога во јули го пушти пробниот балон со најавата  дека Владата размислува да преземе низа мерки – а една од нив е и воведување на данок за немажени и неженети, за подоцна, на 30 септември да изјави дека формирањето многудетно семејство треба да биде врвен приоритет на државната политика и го оцени како „највисок патриотски чин“, што, небаре, бара негово преточување во законска одредба. Во такво патриотско многудетно семејство според премиерот, подоцна не ќе биде проблем да се одреди цена на децата, како што, според родителите за загинатите деца во трагедијата ви Кочани им рекол премиерот.

Намерата да се контролираат сите сфери на животот на граѓаните е повеќе од очигледна. „Safe City“  е само капка во морето. Oва особено ако се има предвид дека истава владејачка партија, која порано тајно ги снимаше телефонските разговори на илјадници луѓе, сега истото ќе го прави по законски пат. И неконтролирано.

Го слушам Големиот брат Панче, како вели дека се уледуваме на развиените западни земји. Брате Панче, забораваш да кажеш дека таму има функционални градови (со собирање ѓубре, без диви депонии, горење пластика и сл.), функционални сообраќајни решенија, функционален јавен транспорт (редовни, чисти, зиме затоплени/лете климатизирани автобуси, метроа, трамваи), па контролата со камери е само последователен процес. И тоа контролиран и во служба на граѓаните, не на владејачката номенклатура.

Епа Скопје, „Среќна“ Нова 1984 година,

Со љубов

Големиот брат


 

ЦИВИЛ МЕДИА | Ставовите и наодите во овој текст се целосна одговорност на авторите и не нужно ги претставуваат ставовите на донаторите или на другите партнери и соработници на организацијата.

Tags: Панче ТошковскиСејф сити
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ