• Latest

Обрачот – за сеќавање на Роберто Беличанец

June 29, 2022
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Обрачот – за сеќавање на Роберто Беличанец

June 29, 2022 11:48
in ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ / Фронтлајн

Како и твоето, така и нашето маало си имаше маалски силеџија. Овој – нашиов, не беше голем и незграпен по раст, но имаше двајца големи браќа шо нè тероризираа константно. Ние имавме околу 11 години, а тие – Кусио, Селото и Целе, ни го земаа џепарлакот секогаш кога че нè начекаа сам-по-сам. А, нè начекуваа често.

Со мене завршија тогаш, кога татко ми се враќаше од оние воени вежби на кои одеше често во офицерска униформа и сосема случајно ги начека како ме тормозат, па ги збрка. Татко му од Боби пак, работеше на бензиска и неговата униформа тогаш не беше толку страшна. Јас и Боби, бевме 80 кг. жива мера заедно, а поединечно за глава помали и од Сашка и од Моника.

Беше жешко, при крај на школската година. На големиот одмор седевме зад училиште под боболката. Се појавија од нигде-никаде. Мене ме одминаа, а Боби го претресуваа. Селото стоеше по страна, а Кусио почна да му превртува по џебовите. Боби се измолкна некако и летнавме да бегаме в училиште. Се збоднаа по нас, Бегавме и ги пцуевме. Не нè стасаа. Чичата Лаке, со поглед нè испрати од канцеларија и дур му текна да нè праша шо-како, му ја спраштивме. Во училницата беа присутни половина од учениците од класот.

Боби се избендери на првата клупа и раскажуваше шо ни се случи, па на крај рече:

-Јас пари појче на битангиве не му давам, нека ме тепаат!

Штама. Се пулевме еден во друг и машки и женски – такви жгољави ко шо бевме и невредни за тепачка и знаевме дека че го кркаме стапо. Заврши последниот час. Боби тргна, ние – и машки и чупиња, како и што се договоривме претходно, тргнавме по него и околу него направивме обрач. Надвор седеа Кусио и Селото, а Целе држеше некој џукац, врзан околу вратот со конец за тутун. Џукелата повеќе се давеше отколку шо лаеше, но битно од муцките се пењеше, впрочем како и Целе. Го чекаа Боби, нè начекаа сите нас. Се здрвивме. Траеше тоа момент-два, па тргнавме. Тргнаа и тие по нас. Ќутат тие, ќутиме и ние и одиме накај Типските, кај шо пред некое време се преселија Боби. Се слушаше повремено тажачката на џукелата, како резултат од неписмените чворови шо беше му ги околувратил Целе пијаницата. Ми беше срам да кажам дека ми е страв. Не знам за другите, но сигурно и на Моника ѝ беше страв, зашто ми ја искина подлактицата од стегање, ама одевме така како жив обрач околу Боби.

Кусио нè пцуеше сите по цел пат, но немаше газ да чепни ни еден од нас. Бевме силни заедно. Бар така си мислев дека другите мислат. Јас пак, знаев дека че се спасиме ако стасаме до мостот кај оградата на која шо пишуваше – Тексас маало. Тоа беше територијата на Баксузи – другата маалска банда отаде реката.

Стасавме.

Си заминаа.

Никогаш повеќе не ни побараа пари, на никого од нас учесниците од обрачот околу Боби. Понекогаш дури и се поздравувавме со Селото ко че се сретневме.

По триесетина години од тогаш, утрото – два дена после Велигден, ги видов Селото и Целе, како седат пред Менувачницата кај Участакот. Тоа е најмалиот од повеќето дујќани во Старата чаршија, шо се шушка дека ги поседува Кусио.

Попладнето, истиот ден, со полнолетната Мазда 121, отидов во Лук Оил, како и секогаш да турам бензин за 500 денари и да ги напумпам гумите. Тогаш со Боби се видовме и скршивме лаф муабет за последен пат:

– Кај си бе?
– Еве ме заебава деснава.
-Секогаш заебава десната. – ми рече.
– Ај се гледаме…
Не се видовме.

…

Уште мислам дека ги слушам тажачките од џукелата, околувратна со чворови од тутунски конец.

Понекогаш дури и ме болат.


Расказот е напишан во 2013 година, непосредно после трагичната смрт на Роберто Беличанец и е вистинска приказна

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    235 shares
    Share 94 Tweet 59
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    160 shares
    Share 64 Tweet 40
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ