Обратна депортација се врши од страна на руските окупациски сили: Украинците кои претходно беа насилно однесени од Мариупол во Русија, сега се враќаат од Псков во практично уништениот град на Азовското Море, бидејќи групите депортирани очигледно станаа проблем за локалните власти, објави на Телеграм Петро Андриушченко, советник на легитимниот градоначалник на Мариупол, пренесува Укринформ.
„Првиот факт за обратна депортација од Русија… Од рускиот град Псков, каде жителите на Мариупол станаа проблем за локалните власти, тие се враќаат дома. Во саботата, 60 жители на Мариупол „доброволно“ беа ставени во две приколки и испратени во Ростов на Дон. Таму ќе ги пречекаат властите на „ДПР“ и ќе ги однесат дома“, напиша Андриушченко.
Тој истакна дека поголемиот дел од овие луѓе немаат дом во кој да се вратат, бидејќи поголемиот дел од станбениот фонд е уништен во интензивните непријателства пред неколку месеци, затоа овие луѓе ќе бидат принудени да живеат на улица или да провалуваат во становите на евакуираните.
„Одличен реален пример за „грижата“ на Русија за луѓето и нејзините капацитети. Модерна Русија не е способна ниту да организира депортација, без разлика колку цинично звучи оваа вистина“, нагласи советникот на градоначалникот.
Како што е соопштено, руската агресија предизвика огромна хуманитарна катастрофа во Мариупол. Градот е речиси целосно уништен како резултат на непријателското гранатирање.
Мариупол моментално нема стабилно снабдување со струја, вода или гас. Од руската инвазија, околу 22.000 цивили се убиени во градот, а повеќе од 50.000 – депортирани во Русија и во привремено окупираните територии на регионот Доњецк.
Мариупол се соочува со еколошка катастрофа и појава на заразни болести.
Руските напаѓачи го најавија соработникот Константин Ивашченко за „градоначалник“ на Мариупол и создаваат слика дека „животот се враќа во нормала во градот“.
Подготви: Д.Мишев