• Latest

Обука и прирачник за професионален развој на наставниците за предавање контроверзни теми

November 4, 2021

Изборна хроника: Црна кампања, српски свет, пациенти и гласачи, мегапаркови наместо диви депонии

October 6, 2025
Shelling aftermath in Olenivka, Donetsk region, July 29, 2022. Photos from open sources

Украинските обвинители истражуваат егзекуции на 322 воени заробеници од страна на Русија

October 6, 2025
Фото: Д.М, ЦИВИЛ

Уапсен советникот на директорот на полицијата на РС и неговите синови под сомнение дека нападнале полицајци во Бања Лука

October 6, 2025
Фото: Фејсбук

Итно започнување на преговорите за пристапување на Молдавија во ЕУ, побараа 55 европратеници од 19 земји-членки

October 6, 2025
Делегација на Хамас пристигнува во Египет на преговори со Израел. Фото: Скриншот од видео на
WION

Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Без докази и без мерка: Уште еден напад од Ана Брнабиќ врз независните медиуми

October 6, 2025

24 ЧАСА: Втора недела изборна кампања; лидерите на Западен Балкан на самитот „Брдо-Бриони“ во Драч; нападната најголемите руска фабрики за експлозиви; изборни ветувања

October 6, 2025
Еден од најголемите производители на експлозиви и муниција во Русија, државната фабрика Свердлов, која се наоѓа во градот Џержинск во областа Нижни Новгород. Фото: Википедија

Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

October 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама ја поништува одлуката со која ги „амнестира“ кулите на олигарсите; Кој ќе биде новиот лидер на СПАК; Османи го обвинува Вучиќ дека се обидел да ја наруши средбата Брдо-Бриони

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Канцеларот Мерц смета дека Русија стои зад многу од неидентификуваните дронови над Германија

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Обука и прирачник за професионален развој на наставниците за предавање контроверзни теми

November 4, 2021 15:31
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Како наставниците во основите и средните училишта да пристапат кога на часовите треба да објаснат контроверзни теми и како учениците да се ослободат од страв и срам да поставуваат контроверзни прашања  е целта на проектот кој со поддршка од Советот на Европа – Оддел за образование го спроведе Институтот за човекови права (ИЧП) во соработка со Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАР).

Проектот опфати дигитален курс, училишни обуки и прирачник за професионален развој на наставниците за предавање контроверзни теми во училница.

Тие беа промовирани денеска на конференција насловена „Контроверзни теми: Да се избегне или дискутира?“ на која наставници кои го посетиле курсот ги разменија своите искуства од примената во овој пристап во наставата. Одѕивот за посета на курсот бил голем од наставници, и од основно, и од средно образование, од училишта од различни општини. Тој е достапен на веб-страницата на Институтот и може секој да го користи, а им овозможува на наставниците да ги изразат своите демократски ставови и да бидат подготвени да одговорат на сите табу прашања од учениците.

Според организаторите на проектот, предавањето и дискусијата на контроверзните теми сè уште е предизвик за наставниците од училиштата во нашата земја и дури 86 отсто од учениците никогаш немале можност да разговараат за тековни општествени прашања во рамки на образованието.

Според Маргарита Цаца Николовска, претседателка на ИЧП, се работи за новина во пристапот која ја промовира невладиниот сектор, затоа што на голем дел од некои контроверзни прашања најмладата популација, како што рече, не добива соодветен или квалитетен одговор или воопшто не добива одговор.

– Од тие причини одлучивме еден ваков пристап на препознавање, фактички едно превенирање или овозможување заштита на човековите права. Со контроверзните прашања на децата може да дојде до ситуација во која наставникот треба да одговора и прашање е колку наставникот може да одговори соодветно во дадената ситуација. Тоа се многу суптилни работи и треба многу големо познавање во однос на комуникација и контактите со децата и затоа сметаме дека овој курс е многу корисен, изјави Цаца Николовска.

Иван Јованов, извршен директор на Здружението Лидери за едукација, активизам и развој, рече дека контроверзни се темите што предизвикуваат силни чувства и емоции на оние што зборуваат за нив, како на пример, легализација на дроги, религиски прашања, сексуално образование и сè друго што постои во општеството, но е табу. Тие  теми, според него, особено доаѓаат до израз во поделени општества какво што е нашето.

– Одѕивот од наставниците беше прекрасен. Опфативме 30 наставници од различни училишта од целата земја, по 15 од основни и од средни, и се гледа дека на наставниците им е потребна едукација за тоа како, пред сè, да пристапат кон предавање контроверзни теми. Затоа што тоа не значи само да ја знаеш материјата  што ја предаваш, туку претпоставува и пристапи кои се базираат на емпатија, контролирање на дискусија, вадење поенти и заклучоци. Тука е нештото што треба да се подобри во нашиот систем, рече Јованов.

Дали овој пристап би бил вграден во наставните програми односно во формалното образование, тој одговори дека обуките треба да продолжат, но дека невладините организации немаат моќ да ја направат институционалната промена туку можат само да ја посочат.

– Надлежните институции – МОН и Бирото за развој на образованието треба да препознаат дека контроверзните теми треба да бидат дел од посебна програма или од мултидисциплинарен пристап каде што ќе бидат опфатени во повеќе предмети. Но, дефинитивно, потребата е многу голема зашто контроверзните теми се малку опфатени во програмите, најчесто се во предметите Граѓанско образование, Социологија, Етика, Животни вештини, рече Јованов. Посочи  примери во други земји кои имаат посебни програми што се задолжителни или се факултативни од одредена возраст на учениците.

Васка Пандова, наставник во ОУ „Ванчо Китанов“ во Пехчево, учествувала во обуката за наставници на која се пријавила и е задоволна зашто обуката  ѝ понудила нови методи и техники за работа со учениците на одредени теми. Со деветтоодделенци работела на тема за психотерапија, за која, рече, имало интерес од учениците, но и  различни мислења и предрасуди за тоа кој оди и кога се оди кај психолог. За да им се разјасни темата, на предавањето учествувал и училишниот психолог.

Покрај курсот, во рамки на проектот е објавен и прирачник за наставници „Предавање на контроверзни прашања“ кој има конктретни алатки и техники како да ги предаваат овие теми. Тој е оригинално издаден од Советот на Европа и преведен на повеќе од 15 јазици во Европа и кај нас е преведен и достапен онлајн на македонски и на алабански јазик.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ