• Latest

Обвинителството сè уште спие!

October 3, 2018

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025

24 ЧАСА: Лидерски самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје; Трамп му порача на Маск да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка; национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата во Србија; растат тензиите меѓу Баку и Москва 

July 1, 2025

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

July 1, 2025

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025

Од Голема блокада до Голема Србија

July 1, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

РЕАКЦИИ: Поддршка за студентите во блокада – време е Вучиќ да падне

July 1, 2025
Фотомонтажа; Скриншот од Влада на РСМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?

July 1, 2025

За Кос членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, Мицкоски очекува секаков инженеринг во ЕП

July 1, 2025
Фото: Скринчот од вифро на каналот Астра на Х

Украински дронови „со хируршка прецизност“ нападнаа руска фабрика на 1.300 км оддалеченост, на Крим уништени скапи руски системи за воздушна одбрана 

July 1, 2025

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Обвинителството сè уште спие!

October 3, 2018 09:00
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Тон реакции на социјалните мрежи по објавата на новинарот Цветин Чилиманов во која тој отворено повика на насилство кон дописничката на Фајненшл Тајмс, Валери Хопкинс, но ниту една реакција од македонските институции.

Објавата на Чилиманов е порака до таксистите, во која се споменува култниот лик од македонската кинематографија, чичко Кумплунг. Ова јавноста го протолкува како отворен повик за насилство кон новинарката Валери Хопкинс, која напиша:

„Таксист бојкотирач во Скопје: Бугарија мисли дека нашиот јазик не постои, Србија одбива да ни ја признае црквата, Грците го блокираат нашето име и имаме проблеми со Албанците. Ние немаме проблем, сите останати имаат“.

Македонската информативна агенција каде што работи Чилиманов се огради од неговите пишувања. „Македонската информативна агенција во целост се оградува од твитот објавен на социјалната мрежа Твитер, на нашиот вработен Цветин Чилиманов. МИА во рамки на своите надлежности ќе ги преземе сите мерки за утврдување на фактичката состојба и зачувување на угледот на Агенцијата, во согласност со законските прописи“ – соопшти МИА.

На ваквата реакција Чилиманов одговори со уште една објава во која вели: „И јас се оградувам од оваа МИА за многу работи“. Веројатно мислејќи на тоа дека по падот на режимот чиј гласноговорник беше токму тој, повеќе не му одговара одговорноста со која мора да се носи…

Реагираше и претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Харлем Дезир, кој најстрого ја осуди ваквата постапка на Чилиманов.

„Заканувачкиот твит на Цветин Чилиманов кон Валери Хопкинс е срамен и неприфатлив. Сите закани кон новинари, особено повиците за насилство кон жени новинарки се неодговорни. Чилиманов мора веднаш да го отстрани твитот“ напиша Харлем Дезир на Твитер.

На ваквите реакции се надоврза и актерот Јовица Михајловски, кој го толкува ликот на чичко Кумплунг во филмот „Самоуништување“.

„Овој Цветин, што го бербати ликот и делото на чичко Кумплунг, да го потсетам дека Кумплунг заврши во инвалидска количка, токму заради сторените дела на кои сега повикува ангажираниот Чилиманов. Го охрабрувам, тој и сите што го делат неговиот став, до крај да ја споделат судбината на ликот Кумплунг и да завршат на ист начин“ – напиша актерот на фејсбук.

До овој момент изостана реакција од надлежните институции, кои по допрен глас можат да гонат поради говор на омраза како кривично дело. Како и во повеќето вакви случаи до сега.

Јавното обвинителство не само што не постапува по допрен глас, туку не постапува и по пријавите кои Министерството за внатрешни работи до сега ги има поднесено.

Прашањето за тоа до кога ќе се толерира ваквата експлицитна форма на говор на омраза и тоа од јавни личности, новинари, кои треба да бидат пример за општеството, останува отворено. Она што е повеќе од јасно е дека повиците за реакција на институциите не смеат да бидат игнорирани.

К. С. 

Print Friendly, PDF & Email
Share44Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за настапот на претседателката на Самитот на НАТО?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ