• Latest

Обвинителството во случајот „Трезор” предложи конфискација на имот!

March 22, 2021
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Обвинителството во случајот „Трезор” предложи конфискација на имот!

March 22, 2021 16:40
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Обвинетите во случајот „Трезор” кривичните дела ги сториле од лукративен карактер, изјави во завршните зборови на овој процес обвинителот Артан Ајро, кој побара од Судот да го примени институтот конфискација на имот и имотна корист.

– Како имотна корист прибавена со кривично дело за правното лице ДТУ „Финзи” ДООЕЛ од Скопје, избришано од Централен регистар на 18.02.2011, а кој конфискација да се изврши на парични средства од денарска сметка во Охридска банка во вредност од 838 106 денари и девизна банкарска сметка 145 619 евра, како и конфискација на ПМВ Ауди А4 со проценета вредност од 1 026 285 денари, побара обвинителот Артан Ајро.

Покрај ова побарување, обвинителот од Судот побара обвинетиот Сашо Мијалков да го задолжи да надомести износ од 11 милиони денари, Горан Грујоски 11 милиони денари, Небојша Станковиќ 6 милиони денари и обвинетиот Тони Јакимовски 7 милиони денари.

– Предлагам Судот обвинетите да ги прогласи за виновни и осуди согласно законот за кривичните дела кој им се стават на товар, а при одмерување на видот и висината на казната да ги има во предвид сите законски предвидени олеснувачки и отежувачки околности, како и да ги заложи обвинетите да ги надоместат трошоците на постапката, изјави Ајро.

Тој во својот завршен збор за случајот „Трезор” посочи дека кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување”, како поим службената должност создава однос на посредение спрема државата, односно службата како дел од државните функции со цел остварување на начелото владеење на правото се јавува потреба од ограничување на носителите на функциите на власта, а како објект на заштита се јавува законитоста на совесно и правилно исполнување на службените јавни и други овластувања.

Државниот правобранител Линда Зибери, на крајот рече дека останува на оштетеното побарување од 48 480 942 денари, за кој е оштетен Буџетот на државата со злоупотреба на службената должност.

Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР,  Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР,  Горан Грујевски.

Тројца се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања, Тони Јакимовски за помагање.

Случајот го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е ОЈО за организиран криминал, кое го презема предметот од поранешното СЈО.

Следното рочиште за завршните зборови на одбраната е закажано за 5 април.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    239 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    171 shares
    Share 68 Tweet 43
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ