• Latest

Очекуваме од новиот состав на ДИК да ги извршува своите должности согласно законите, вели Која за МИА

February 7, 2021

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Очекуваме од новиот состав на ДИК да ги извршува своите должности согласно законите, вели Која за МИА

February 7, 2021 10:49
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Очекуваме од новиот состав на Државната изборна комисија – ДИК да ги извршува своите должности согласно законите, вели во интервју за МИА шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.

-Државната изборна комисија (ДИК) е долгогодишен партнер на нашата Мисија и на ОДИХР. Очекуваме дека новиот состав на ДИК ќе ги извршува своите должности на начин што е целосно во согласност со постојните закони, правила и процедури, вклучувајќи ја и свечената заклетва на членовите. Вреди да се спомене дека ДИК не е само седумчлена комисија. Тука е и администрацијата која покажала високо ниво на професионализам и посветеност во текот на годините, вели амбасадорот Која запрашан дали начинот на изборот на  ДИК, која е во нов состав од минатиот месец, оди во насока на партизација, наместо професионализација.

Прв предизвик за ДИК ќе биде организирање и спроведување на локалните избори закажани наесен. Запрашан дали се прифатливи измени во изборното закодавство во изборна година, како и најавите за евентуална промена на изборниот модел, Која посочува на препораката на ОДИХР (Канцеларија за демократски институции и чевекови права на ОБСЕ) тие да се случат најмалку шест месеци пред одржувањето на изборите.

-Според ОДИХР, препорачливо е изборниот закон да стапи на сила најмалку шест месеци пред изборите, за да можат институциите да се подготват непречено да ги спроведуваат промените. Низ годините, ОДИХР има дадени голем број препораки за подобрување на изборниот процес во Северна Македонија. Во нивниот последен извештај за ланските предвремените парламентарни избори, Специјалната мисија за проценка на изборите на ОДИХР јасно стави до знаење дека сè уште има голем број прашања во законската рамка за изборите што треба да се решат, нагласува Која.

Тој појаснува дека ОДИХР не препорачува специфичен изборен модел, а земјите учеснички во ОБСЕ користат широк спектар на разни изборни модели и разни системи за спроведување на изборите, клучно е, нагласува, да се обезбеди инклузивност на процесот за изборна реформа.

-Со оглед на важноста на овие прашања, даваме силна поддршка на инклузивниот процес каде сите засегнати страни можат да разговараат за нивните идеи за изборни реформи што ќе ја зајакнат застапеноста на граѓаните, а со тоа и легитимитетот на избраните функционери. Задоволни сме што Министерството за правда формираше работна група за реформа на изборниот законик, во која се вклучени и политичките партии и граѓанското општество кои имаат експерти на темата. И нашата Мисија и ОДИХР учествуваат во оваа работна група, истакнува амбасадорот Клеменс Која./МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ