Министерството за здравство информира дека од денеска почнува вакцинација во малата сала на A1 СЦ Борис Трајковски во Скопје.
Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат тоа може да го направат без да закажат термин.
Вакцинација и ревакцинација продолжува да се одвива и во останатите поликлиники во Скопје, како и низ другите вакцинални пунктови низ државата.
Оваа вест на својот Фејсбук профил ја сподели министерот Венко Филипче:
Пунктот за вакцинација во А1 СЦ Борис Трајковски рано утрово започна со работа. Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат може да го направат тоа без закажан термин. Во останатите поликлиники во Скопје и во сите други пунктови низ државата продолжува да се одвива вакцинација и ревакцинација на граѓаните. Ве повикувам сите масовно да се вклучите во овој процес на имунизација. Ова е единствениот начин да се заштитите себеси и вашите најблиски. #ВакцинирајСе













