На големото платно на животот, онаму, некаде при крајот, синеат очи отворени како небото во првите мугри.
И во тие очи се наѕира матно една сонлива душа во бескраен аквариум од смеа, музика, разиграна мисла и топла рака што бескрајно ги пополнува празнините во своето, моето, твоето битие…
И низ тој допир на нечија игра ги повлече потезите на добрината, човечноста, другарството….
Тие очи го видоа својот лик низ туѓа рефлексија, своето дело низ туѓа воздишка, своето тело низ туѓи љубови…
Тоа синило секогаш ќе бдее над моето срце… во сечии срца во кои низ темнината на човечката ништожност успеало да пробие.
Ако утре умрам, знам, Шуки ќе ме пречека со истото синило и нови приказни од другата страна на хоризонтот…
Биљана Јордановска