Во однос на тоа дека секој посакал да стане Претседател на државата, професорката Фросина Митрушева на својот Фејсбук профил напиша:
„Цел живот сум професор по математика во средно. Велат, добар.
Хипотетички:
Ми предлагаат физика да предавам на факултет. Науките слични, што има врска. Универзитетски професор ќе се сторам.
Не фала. Тоа не го знам.
Абе од каде им храброст и дрскост на суратине да помислат дека можат претседатели на држава да бидат?“, прашува Митрушева.