Роковиникот на Државната изборна комисија за вториот круг од претседателските избори одредува дека медиумите од полноќ не можат да објавуваат резултати од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес.
Медиумите моат резултатите од анкетите ди ги објават најдоцна пет дена пред денот определен за одржување на вториот круг од претседателските избори и вонредните локални избори.
Според роковникот ДИК најдоцна до утре треба да го достави изборниот материјал до Општинските изборни комисии, кои најдоцна до 4 мај треба да го распределат до избирачките одбори.
На 27 април истече рокот за пријавување на немоќни или болни лица до ОИК за да може да гласаат на 4 мај.
Ден пред одржувањето на изборите гласаат и лицата во куќен притовор кои треба да се пријават во ОИК до утре 1 мај.
На 4 мај гласаат и лица што се со привремен престој во странство во дипломатско конзуларните претставниптва.
Финансиски извештај до ДИК, ДЗР и ДКСК за вториот круг од изборите најдоцна до 24 часот на 4 мај, поднесуваат учесниците во изборна кампања што учествуваат во вториот круг на гласање.