• Latest

Од што се плашите?

February 26, 2019
Фото: ANF Nеws

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Од што се плашите?

February 26, 2019 14:59
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Поминаа 18 дена од објавувањето на резултатите од Годишната програма за проекти од национален интерес во културата, а во меѓувреме се одржаа разни средби, состаноци, разговори и преговори, некои јавни и транспарентни, некои помалку јавни и понетранспарентни…

Зоја Бузалковска

Мене во моментов најмногу ме интересираат однесувањето и постапките на Премиерот. Тој веднаш изјави дека програмата ќе биде поништена и дека ќе биде направена делумна ревизија – без националните институции, бидејќи таму нема поплаки. Откако националните институции „рипнаа“ со свои реакции и барања, се виде дека, таму особено, ништо не е во ред и дека поплаки има, и тоа како! Премиерот не им овозможи средба на директорите на десет национални театри со него (небаре со такви средби театарџиите го гњават секој втор ден), а наместо тоа тој одржа средба со Министерот за култура. По оваа средба не гледам дека работите се променија.

Долгорочни ветувања, врзани со работни групи по закони кои се веќе изработени, за стратегија, која е веќе „закачена“ на страницата на Министерството… Овие постапки ги читам како обиди да се одложат проблемите, а работите да си останат status quo. И, нормално, повторно, Министерот не мисли дека треба да преземе одговорност за големиот скандал, ниту пак Премиерот мисли дека треба да побара одговорност од ресорниот министер!

Премиерот рече, граѓаните се слушнати. Но, дали се и послушани? Уште повеќе, дали се разбрани?

Пак ќе кажам – сè додека не се направи ТОТАЛНА РЕВИЗИЈА на Годишната програма на проекти, не само на оние кои не добиле средства, туку пред сè на оние кои добиле, ќе продолжи практиката на: неодговорно трошење на и онака потценувачки и маргинализирачки намалените буџетски пари одредени за култура; „замачкување грешки“; „затнување усти“; правење ad hoc корекции, кои се на штета на малите и незаштитените; крпење и „приправање“ колку да се направи; ненаградување за добро изработената програма во минатата година (туку, напротив, во некои случаи – казнување); продолжување на практиката „на сите по малку“, со одобрување суми со кои не е возможно да се истурка ветената програма; одлив на огромни средства на институции и фирми кои се отворени вчера и кои немаат никакво портфолио врз основа на кое би добиле толкави финансии во рамките на Годишната програма; реваншизми кои го доведуваат под прашање работењето на некои институции на секојдневна база, од типот – одобрување проекти, но неодобрување ниту денар за материјални трошоци и сл. И сето тоа, поради немање капацитет за правење системски промени, дури и онаму каде што тие веќе се ветени на хартија.

Најлесно е да се манипулира таму каде што законите и принципите се непознаница, каде што никој не се води од компетенциите и стручноста, каде што тројца или петмина во комисиите „покриваат“ три до четири помали ресори, од кои познаваат само еден, а средствата се доделуваат или не се доделуваат според критериум – „мал е буџетот“ или според партиската и етничката припадност. Во ваквата распределба, дури и бодувањето на кое не му го знаеме потеклото, станува бесмислено и од ѓутуре, зашто нема доследност во доделените износи компарирано со бодовите, што го видовме на низа примери.

Затоа, ако ова остане вака, тоа ќе бидат крајно неодговорно потрошени јавни пари. Во меѓувреме, јавноста во голем дел ја „промашува темата“, па се занимава со периферните ефекти од овој скандал, а не со суштината, дека во оваа држава веќе секој може да си прави што сака и да не одговара за тоа. А кога, пак, со одредени луѓе зборувам дека мора да се инсистира на тоа да се направи тотална ревизија, а потоа, ако се докажат низата нерегуларности, Министерот да си поднесе оставка, велат – нема шанси… Тон на помирување! Како да се работи за две илјади евра, па сега, кај биле – кај не биле!

Сето ова го сметам како манипулација од најнизок ранг или, уште поточно, уцена – користење и злоупотреба на фактот дека поминува драгоцено време, дека веќе доаѓа март, дека институциите се заглавени и не можат да почнат со работа, дека културњаците се најчесто фанатици и ќе се обидат, како-така, да ги одржат и да ги реализираат своите програми, да не дозволат да умрат нивните институции, фестивали, договори со меѓународни партнери, веќе започнати проекти.

Мечтаам за ден кога за нас воопшто нема да биде битно кој е Министер за култура или кој е во комисиите, затоа што критериумите по кои се доделуваат средства и по кои работат институциите од културата ќе бидат јасно одредени. Тоа повторно значи – уметноста да им се врати на уметниците, на луѓето од фелата. Така одговорноста ќе биде преселена, односно, вратена таму каде што има најмногу професионалност и стручност за проценка како треба да бидат потрошени буџетските пари – во институциите од културата. Така и нема да може директорите на институциите да ја префрлаат сета вина за „грешките“ на Министерството и на комисиите.

Министерството ќе биде само контролор на добро или лошо потрошените пари во двегодишната програма (за тоа треба да служат комисиите), врз јасно одредени КРИТЕРИУМИ. Ќе ви дадам пример од театар: степен на реализација на ветената програма (какви и, евентуално, колку претстави биле реализирани – одгласи, критики, реакции), број на изведби, посетеност, број на продадени билети, гостувања, учество на домашни и меѓународни фестивали, награди и признанија, додатни активности (работилници, театролошки изданија, изложби и сл.), рејтинг на театарот во тие две години, реализирани сопствени приходи итн. Ако нешто од ова не било реализирано, што е причината за тоа: недостаток на средства, објективна спреченост во некој дел или лошо работење на институцијата.

ПРОГРАМИ НАМЕСТО ПРОЕКТИ.

ПРОФЕСИОНАЛИЗАЦИЈА НАМЕСТО ПАРТИЗАЦИЈА. ВАЖНО Е КОЈ КОЛКУ ВРЕДИ И ШТО НАПРАВИЛ ДОСЕГА, А НЕ КАДЕ ПРИПАЃА ИЛИ НЕ ПРИПАЃА.

За жал, во моментов дури и мене ми е смешно и тотално нереално да се случи такво нешто во државичево потонато во криминал и беззаконие, со кои оваа Влада засега не покажува храброст и доблест да почне да се справува.

Од што се плашите?

Print Friendly, PDF & Email
Share122Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ