• Latest

Од среда стартува имунизацијата, први ќе се вакцинираат 20.000 лица над 75 години со хронични болести

March 28, 2021
Фото: News Coverage  / Инстаграм

Украина спроведe една од најоддалечените операции на саботажа на руската воена инфраструктура во близина на Владивосток

July 7, 2025
фото: ДЗС

ДЗС: Активни четири пожари, два полициски и еден армиски хеликоптер го гаснат пожарот над магистралниот пат Скопје – Блаце

July 7, 2025

Инженери на Македонија: Се отвораат ли врати за скриени интереси со штотуку донесените измени на Законот за енергетика, дали се прави простор за привилегирани инвеститори?

July 7, 2025
Први коментари од Трамп откако неговиот мегазакон беше усвоен. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп се заканува со царина од 10% за земјите што ја поддржуваат „антиамериканската политика“ на БРИКС

July 7, 2025
Blokada pred Praven fakultet vo Belgrad/ Foto> screenshot N1

На осмиот ден од протестните блокади во Србија, полицијата ги спречува блокадите во Белград

July 7, 2025
Фото: Скриншот

Во Собрание денеска продолжува расправата за ребаланс на буџетот

July 7, 2025

Израелските напади убија најмалку 38 лица во Газа, додека преговорите за прекин на огнот стигнаа до критична точка

July 7, 2025
Бенјамин Нетанјаху, израелски премиер (фото: МИА)

Нетанјаху денеска во Вашингтон на разговори за Газа

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Телеграм каналот Астра

Дронови ја нападнале руската црноморска флота, „мистериозна“ експлозија оштетила танкер во руско пристаниште

July 6, 2025
Фото: Роман Шеремета / Фејсбук

Шеремета: Сите Руси имаат колективна одговорност за геноцидот врз украинскиот народ

July 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Од среда стартува имунизацијата, први ќе се вакцинираат 20.000 лица над 75 години со хронични болести

March 28, 2021 10:39
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Вакцините „Астра зенека“ што пристигаа денеска на аеродромот Скопје преку ковакс механзимот се произведени во Кореја. Со нив вакцинацијата треба да стартува в среда во вакциналните пунктови во здравствените домови. Покрај 24.000 дози што на здравствените власти им беа испорачани денеска во присуство на дипломатскиот кор и претставници на СЗО и УНИЦЕФ, за до крај на април преку Ковакс има најава за уште 76.000 вакцини од истиот производител за нашата држава.

Како што изјави министерот за здравство Венко Филипче, со овие вакцини први ќе се вакцинираат 20.000  лица над 75 години со хронични болести и согласно местото на живеење ќе биде направена дистрибуција на вакцините во вакциналните пунктови во здравстевните домови.

-Вакцината ќе се чува најпрвин во нашите фрижидери во Скопје, кога ќе се спроведе дистрибуцијата ќе биде во  фрижидерите кои веќе постојат  во вакциналните пункотови во здравствените домови  поради тоа што ова вакцина  што се чува на температура од 2 до 8 степени, што значи  буквално секој град може да се чува и да се дава понатаму, изјави Филипче.

Како што поајсни, во вакциналните пунктови кои се делови од здравствените домови се спроведува вакцинацијата од редовниот календар и имаат кадар со искуство во спроведување на вакцинацијата. Досега, информира Филипче, сите беа повикани и едуцирани во делот на некои специфични вакцини од страна на експертскиот тим. Во секој здравстевн дом буквално има опрема и практично мини вакцинален пункт  што значи дека во секој град  ќе се спроведува така како што се спроведува и редовната вакцинација, рече Филипче.

Тој се заблагодари на меѓународните претсавници за помошта за транспортот и приемот на вакцините изразувајќи надеж во континуитет на достава на вакцини преку  Ковакс механизмот, од каде, како што рече, според досегашните сознанија,  во април во држвавава треба да пристигнат дополнителни 76 илјади дози од  производителот „АстраЗенека“.

-Во развивање на ковакс механизмот инвестираа и учествуваа многу држави во светот, СЗО, Глобалната алијанса за  имунизација со цел да имаме  еднаква и правична распределба на вакцините ширум светот. Сакам да се заблагодарам на сите земји клои го поддржаа овој систем посебно на претставниците на пријателските земји за нас кои се денеска тука со нас САД,  Германија, Велика Британија, Франција,  како и на претставниците и на СЗО и на УНИЦЕФ со чија помош го организиравме целокупниот систем за транспорт за прием и понатаму за користење на овие вакцини, а  врз основа на искуствата на сите земји каде што се користат, изјави Филипче.

Сега, посочи, сме целосно посветени системот на имунизација да се спроведе брзо и ефиаксно, имаме најави и за пристигнување на други вакцини во текот на овој месец, очигледно очекувањата во делот на времето не се исполнија, но имајќи предвид дека е огромна побарувачката, добро е што системот покажа дека  функцонира така како што е замислен и дека ќе продолжи да функционира  на овој начин за да знаеме во следните месеци колку вакцини може да стигнат преку  ковакс системот за едноставно процесот на имунизација кога ќе започне да има континуитет, изјави Филипче.

Покрај дополнителните 76.000 дози преку ковакс системот, како што рече, вчера имавме добри вести и од ЕУ, во април треба да пристигнат и други вакцини од Кина, што значи дека  сите пријавени како ризични категории според приоритеите ќе бидат повикувани преку овој систем, како што ќе доаѓаат вакцините, а место за масовна имунизација ќе биде салата „Борис Трајковски“.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ