• Latest

Од условна казна на претседателско столче…

July 12, 2018

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Од условна казна на претседателско столче…

July 12, 2018 16:28
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Новинарката Ивона Талевска која беше осудена на две години условна затворска казна за затајување данок, во предметот „Тифани“ на СЈО, е назначена за нова претседателка на Македонската асоцијација на новинари. Таа најави дека ќе се залага за стандарди во новинарството, правна и социјална заштита.

Талевска доаѓа на местото на претседателката Слаѓана Димишкова, којашто подолг период веќе не е на таа позиција, бидејќи си даде отказ, додека позицијата на Драган Павловиќ Латас како генерален секретар, го зазема Александар Михаилов, од порталот весник.мк. Во потпретседателските позиции на МАН е реизбран Цветин Чилиманов, а нов член е Ѓеорги Какашевски.

Талевска е избрана за претседател на МАН со само 22 гласа, иако на официjалнта страна пишува: Македонската асоцијација на новинари е најголема и најзначајна асоцијација на професионални новинари во Македонија, која е основана во 2002 година. Најголема и најзначајна?

Инаку во статутот на МАН стои дека – Претседателот ја претставува и застапува Асоцијацијата дома, и во странство, во правниот и финансиски промет. Во негово отсуство подолго од 7 дена, или по овластување, во тоа го менува Генералниот секретар.

Новите членови ветија дека ќе се залагаат за независно и професионално новинарство, за воведување минимална плата кај новинарите и медиумските работници, како и за дополнително осигурување за репортерите, новинарите и снимателите.

Единствено новинарот Љупчо Златев му остана „верен до смрт“ на Латас кој смета дека тој најдобро раководеше со МАН.

Дали МАН ќе успее да прерасне во вистинско здружение кое ќе ги застапува интересите на медиумските работници…?

Инаку, иако пред само пет месеци призна вина, новинарката Ивона Талевска, пред неколку дена во Апелациониот суд, негираше дека е виновна за милионското даночно затајување.

„Јас и ден денеска не чувствувам вина, но поради медиумската хајка, која што трае повеќе од една година, сметав дека признание на вина е најдобро решение. И пред пресудата, јас веќе бев осудена поради јавните и медиумските притисоци, но и од социјалните мрежи. Не сум задоволна со условната казна. Јас сум осудена и со условна казна“, изјави Талевска.

Д. Муратов

Tags: Ивона Талевскановинарствопретседателка на МАНЦветин Чилиманов
Share158TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ