Повторно е одложено судењето на Љупчо Стојановски, дедото на починатата Тамара, кој се товари за обид за убиство на поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров. Апелациониот суд рочиштето го закажа на 14-ти февруари и наложи да се проверат лиценците на вештаците.
Првото рочиште беше одложено, бидејќи одбраната го оспори вештачењето на обвинителството за психичката состојба на Стојановски, бидејќи го изработиле вештаци со истечени лиценци. Вештачењето треба да утврди дали дедото на Тамара бил пресметлив во моментот кога го нападнал Тодоров.
Инцидентот се случи минатата година на први јуни, пред Министерството за здравство, на денот на примопредавањето на функцијата министер.
Д.М.