Рочиштата за предметите покренати од СЈО, „Труст“, „Шпион“ и „Транспортер“ се одложени за утре и за четврток.
Судењето за предметот „Труст“ минатата недела беше одложено поради влошена здравствена состојба на второобвинетиот во случајот, Василије Авировиќ.
Последното рочиште во предметот „Шпион“ што беше закажано минатиот месец беше одложено, поради неприсуство на Маријан Ефремов, кој е еден од осудените во овој случај.
За предметот „Транспортер“ закажани се две рочишта, денеска и во четврток. Во овој предмет обвинети се поранешниот битолскиот градоначалник, Владимир Талески, и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.
Утре се очекува да започне и судењето за предметот „ТНТ“ кој се однесува на уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски, а на 26 јануари се очекува судење и за предметот на СЈО „Тарифа“.
B.J.