Судењето за случајот на смртта на малиот Алмир Алиу денеска се одложи во кумановскиот суд, а новото рочиште е закажано за 6-ти февруари.
Рочиштето се одложи по барање на адвокатот Асмир Алиспагиќ, кој го застапува обвинетиот Бобан Илиќ. Алиспагиќ ни изјави дека побарал одложување поради субјективни причини.
Ова доаѓа еден ден по граѓанските протести во Скопје, преку кои се бара правда за малиот Алмир.
Поради одложувањето остана непознато дали обвинителката направила преквалификација на делото, односно наместо за „убиство“, обвинетиот да се гони за „сообраќајна несреќа со смртни последици“.
Д.М.