Со транспаренти: „Убиство, не сообраќајна незгода“, „Не го убивајте Алмир“, „Нема правда нема мир“, стотина граѓан(к)и протестираа на Камен мост, за правда на убиството на Алмир. Тие потоа се упатија пред Јавното обвинителство каде што положија цвеќе.
„Ова е мирен и тивок протест. Меѓутоа колку и да бидеме тивки нема да може да го слушнеме гласот на малиот Алмир, бидејќи тој не е повеќе меѓу нас. Затоа ние ќе бидеме неговиот глас и нема да дозволиме на никој повторно да му се случи вакво нешто“, рече актерот Висар Вишка, кој е еден од иницијаторите на протестот.
Поддршка дадоа новинар(к)и, актер(к)и, уметници, студент(к)и, активист(к)и и други јавни личности.
Дехран Муратов