На протестот против преквалификација делото во случајот Алмир Алиу се упати следната порака:
– Денес се собравме да изразиме најостра осуда за обидите да се направи преквалификација на кривичното дело УБИСТВО во кривично дело СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА со смртни последици во случајот на убиеното невино дете Алмир. Од сите докази произлегува дека кај обвинетиот постои намера за убиство, и никако не може да се смета за друго кривично дело, освен за Убиство;
– Жалиме што јавната обвинителка во случајот не успеа да издржи до крај и подлегна на некакви притисоци, и побара мислење од вишото јавно обвинителство. Не мислиме дека овој случај е за во вишото јавно обвинителство или Обвинителството на РМ затоа што е едноставен случај што не бара научни докази за да се види дека се работи за класично убиство, и никако за друго кривично дело;
– Бараме од Јавното обвинителство на Република Македонија, и од Јавните обвинители како носители на функции, стручно и совесно да ја вршат нивната функција и да одлучат како што предвидува правото и правдата, односно да не го преквалификуваат делото во случајот на убиството на Алмир. Во случајот, како што се гледа и од видео снимките, се работи за класично убиство, извршено со умисла.
– Не сакаме и овој случај да биде од еден од тие во коишто, по кој знае кој пат, ќе констатираме постоење на селективна правда. Не смееме да дозволиме делењето на правда да зависи од етничката припадност на обвинетиот, на жртвата или на други учесници во постапката. Се надеваме дека конечно правото во Република Македонија ќе профункционира , и дека ќе се почитуваат правните норми.
– Се надеваме дека Јавното обвинителство на Република Македонија ќе ни даде трошка надеж, дека постои можност за “живот за сите” во Република Македонија!