• Latest

Одредени факултетски насоки непривлечни за студентите, дали пазарот на трудот ќе се соочи со недостиг на квалификуван кадар

April 4, 2021
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

Зошто кинескиот лидер Си Џинпинг го прескокнува овогодинешниот самит на БРИКС?

July 6, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Канта за смет

July 6, 2025
Генералштабот на Украина пријави напад врз аеродромот Борисоглебск во југозападната Воронешка област, Русија, на 5 јули. Фотографија: Генералштаб / Фејсбук

Украински напад со дронови врз руска воздухопловна база погоди складиште за бомби, авиони – откажани летови на неколку руски аеродроми 

July 6, 2025
Фото: ЦУК / Фејсбук

ЦУК: Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговори за Газа и покрај „неприфатливите“ барања на Хамас

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Маск основа нова политичка партија, ја нарече „Американската партија“

July 6, 2025
Тексашаните се соочуваат со последиците од поплавите Фото: Скриншот од видео на ВВС

Потрагата по исчезнати лица  во Тексас продолжува, во ненадејните поплави загина 51 лице, вклучувајќи 15 деца

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на Fox News

Трамп вели дека Путин „сака да продолжи да убива луѓе“, сигнализира испраќање ракети Патриот во Украина

July 6, 2025
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Одредени факултетски насоки непривлечни за студентите, дали пазарот на трудот ќе се соочи со недостиг на квалификуван кадар

April 4, 2021 11:20
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Новинарство, психологија, родови студии, ова се само некои од насоките за кои студентите од година во година пројавуваат се помал интерес. Од насоките кои беа опфатени во ова истражување на МИА, а се во рамки на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, на студиите по психологија во 2017 имало 140 студенти, а во 2020 вкупно 86, на родови студии во 2019 се запишале 22 студенти, додека во 2020 само осум. Благ пад на бројот на запишани студенти има и на некои насоки на Медицинскиот факултет, во кој со најмала заинтересираност се студиите по радиолошки технолози со 51 запишан студент во 2020 година.

Сепак најзагрижувачка е состојбата со студиите по новинарство, кои поради малата заинтересираност во одредени периоди бил во фаза на мирување, Овој податок е особено загрижувачки доколку се земе предвид дека станува збор за насока, која некогаш броела и над 100 студенти, а сега има едвај 17.

Професорите, експертите и здруженијата согласни во едно – „Нашето образование треба да понуди многу повеќе“.

Во разговор за МИА професор д-р Јасна Бачовска Недиќ истакна дека бројот на запишани студенти на студиите по новинарство е условен од повеќе фактори. Вели дека првата генерација студенти на новинарство броела 125, последниве години на студиите едвај се пријавуваат осум, 12, 13, студенти.

фото: МИА

-Мислам дека речиси сите земји имаат поголема традиција, подобри услови, па се формираат и специфични факултети во рамките на Универзитетите и имаат поголема издавачка дејност. Кај нас рапидно се забележува пад на оние кои студираат новинарство во споредба со други земји во регионот, а тоа е можеби поради начинот на кој се организирани новинарските студии. Исто така практична настава имаме во многу мал обем, а програмата не нуди стекнување на вештини кои ги бара современото новинарство, изјави професорката Јасна Бачовска Недиќ.

Бачовска заклучува дека токму таа неапликативност на студиите ги прави недоволно привлечни. Според професорката новинарите кои произлегуваат од овие студии треба да бидат професионалното јадро во новинарството и следствено на тоа треба да се третираат како авангардни студии.

На прашањето дали постои ризик студиите по новинарство да згаснат рече дека тоа е невозможно, но дека постои ризик да бидат ставени во мирување и уписите да се вршат на секоја втора година.

-Факт е дека студенти се соочуваат со недостиг на практичната настава, велат од Младинскиот образовен форум за МИА и додаваат дека во 2017 година дури 25,4 отсто од анкетираните студенти на Универзитетот „Кирил и Методиј“ не оствариле практична настава.

– Праксата како таква е од засебна важност поради тоа што им овозможува на студентите да го применат своето теоретско знаење во реалниот живот, што пак овозможува нивно дополнително усовршување, вели Петар Брлаковски од МОФ.

Според него решението е во воведување на мерки за поддршка и охрабрување на младите да се запишат на оние студиска програми кои бележат мала заинтересираност, како на пример стипендии.

Независниот академски синдикат е согласен во ставот дека малата заинтересираност на одредени смерови е поради условите за студирање, квалитетот, но додаваат дека дополнително е и поради недостиг на финансии, самоувереноста на младите дека можат да си обезбедат материјална егзистенција и да се осамостојат без дополнително образование, како и можностите за вработување и висината на платите.

фото: МИА

Професорката Бачовска истакна дека целокупниот општествено – политички амбиент влијае врз состојбата конкретно со новинарската работа.

-Сето ова се скенира од младите луѓе, од оние кои што си имаат визија за сопствена кариера за професионален развој и тоа можеби се причините за една таква мала заинтересираност за студиите по новинарство. Помеѓу другото, гледаме и таква дискрепанција во новинарската професија, од една страна имате новинари кои се поврзаа со олигархиски елити и се збогатија, а од друга страна имате новинари кои што земаат многу мала плата и едноставно не се мотивирани да работат, објаснува Бачовска.

Заклучува дека се работи за структурни проблеми од типот на непотизам, ирационална политизација, партизираност и дека тие може да се решат единствено со револуционерна политичка волја.

Квалификуваниот кадар преку пазарот на трудот индиректно влијае врз сиромаштијата

Квалификуван кадар е еден од најважниот ресурси на секоја држава. Па така МИА во разговор ја праша Билјана Дуковска, експертка во полето на сиромаштијата дали и како недостиг на квалификуваниот кадар е поврзан со сиромаштијата.

-Сиромаштијата и пазар на труд се делови на општеството, кои се взаемно зависни еден од друг, па така доколку имаме сиромашен пазар на труд во смисла на луѓе со недоволно квалификации, не можете да зборуваме за економски развој во државата поточно потребните работни места нема да може да се пополнат со квалификуван кадар, кој што ќе овозможи вистински резултати, брз напредок и економски раст, појаснува Дуковска.

Таа додаде дека младите по завршување на образованието се соочуваат со нееднаквост на пазарот на трудот.

-Постојат семејства кои имаат финансии да вложуваат и во неформалното образование на децата, но ги има и тие другите кои едвај може да си дозволат барем формално образование, и тие автоматски не се подеднакво конкурентни на пазарот, принудени се да бараат работа без договори или на кратки договори со дневници без никакви работни права и во еден момент доаѓа до револт и си велат подобро ќе одам, истото ќе го работам некаде во странство барем ќе имам повеќе пари, појаснува Дуковска.

Од МОФ се согласни дека лицата кои доаѓаат од семејства со пониски приходи се соочуваат со големи пречки и проблеми за успех, вклучувајќи го и нивниот прогрес во образованието како и пласирањето на пазарот на трудот.

Се помалку студенти, евидентно иселување на младите

Државата од година во година брои се помалку студенти на факултетите, а се повеќе иселени млади, последиците се видливи како во економската така и во интелектуалната сфера. Според стручните лица заминувањето на образованите млади е исто така голем проблем.

Според МОФ младите заминуваат за да студираат на универзитетите во странство поради квалитетот во високото образование кај нас кој стагнира, а некаде дури и опаѓа.

А Дуковска заклучува дека ако се земе предвид дека основното и средното образование се бесплатни, во тој случај „парите од народот ставени во умот, младиот човек ги изнесол надвор од државава“.

Според Бачовска за жал, овие трендови на иселување ќе продолжат и во иднина.

-Да,  државата не прави доволно за да обезбеди пристојни  услови за живот за младите тука, признава Бачовска.

Вклученоста на младите во носењето на општествените одлуки, ќе го отстрани нивното апатично однесување

-Понекогаш имам впечаток дека имаме апатична младина односно „дига раце“ од многу нешта и не верува во промени, тие на некој начин си бараат систем во кој ќе треба да се остварат, вели Бачовска.

Од МОФ пак, веруваат дека младите ќе бидат апатични се додека не бидат вклучени во носењето на одлуките.

Според податоците на  Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија за состојба во 2019 година регистрирани биле 4 911 невработени со вишо и високо образование, во 2020 – 4 049, додека пак оваа година евидентирани биле 5 668 млади невработени лица со високо образование.

Иако за оваа година треба да се земе во предвид дека државава се соочува со криза поради пандемијата сепак, се поставува прашањето што прави државата овие 5.668 млади да ги задржи во земјава.

Според професорката Бачовска доколку се земат предвид сите проблеми, мали се шансите дека паметните, успешните и работливите луѓе ќе си го најдат своето место под Сонцето тука.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ