• Latest
Жан Митрев, принтскрин ИРЛ

ОЈО отвори истрага по шокантната сторија „Нечиста крв“ на ИРЛ, од „Жан Митрев“ се згрозени од говорот на омраза и од фабрикуваните информации

July 18, 2022

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ОЈО отвори истрага по шокантната сторија „Нечиста крв“ на ИРЛ, од „Жан Митрев“ се згрозени од говорот на омраза и од фабрикуваните информации

July 18, 2022 15:07
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Жан Митрев, принтскрин ИРЛ

Жан Митрев, принтскрин ИРЛ

Share on FacebookShare on Twitter

По синоќешната објава на сторијата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) „Нечиста крв“ која вчеравечер се емитуваше на МРТ1 и на ЈуТјуб каналот на ИРЛ, Скопското јавно обвинителство по допрен глас отвори предмет за недозволеното експериментално лекување на пациенти во клиниката „Жан Митрев“ од Скопје.

„Веднаш по објавата на наведената документарна емисија, Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет врз основа на инструментот на допрен глас, предвиден во Законот за кривична постапка. Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител кој ќе преземе дејствија за проверка на наводите од кои произлегуваат индиции за кривични дела против здравјето на луѓето“, велат од ОЈО Скопје, за 360 степени.

Документарецот е базиран на сведочењето на семејство чиј член починал во приватната клиника откако добил повеќе интрахоспитални бактериски инфекции бидејќи бил подложен на хемофилтрација. Клиниката немала одобрение од МАЛМЕД за користење на оваа метода иако болните од ковид биле ставени на експериментална процедура за лекување. На пациентите, ниту на семејствата не им било кажано дека се предмет на експеримент.

Истражувањето на ИРЛ „Нечиста крв“ се потпира на 24 пријави на граѓани од Северна Македонија и од Косово, кои плаќале илјадници евра без да се известат дека се дел од медицинска студија.

Од ИРЛ денеска соопштија дека по објавување на документарецот во нивната редакција пристигнаа стотици пријави од граѓани за неправилности и злоупотреби во рамки на државниот и приватниот здравствен систем.

„ИРЛ е непрофитна организација со мал тим на новинари кој работи со скромни ресурси. Важно е да нагласиме дека нашата цел и задача е да известуваме за проблемите, но ја немаме моќта која ја имаат институциите да ги спречат овие случаи и да им дадат правна разврска. Затоа е потребно пријавите освен до ИРЛ, да бидат испратени и до институции како јавното обвинителство и надлежните инспекторати“, потенцираат од ИРЛ.

По објавата на документарниот филм насловен како „Нечиста крв“, од клиниката „Жан Митрев“ се згрозени од тенденциозниот говор на омраза, употребуван кон нивната институција, како и од неточните наоди, односно од фабрикуваните информации кои се насочени кон креирање на лажна слика во пошироката јавност за работата на клиниката.

Од клиникта „Жан Митрев“ додаваат дека ќе ги искористат сите правни можности согласно законите со цел да се спречат, како што велат, „овие и сите следни вакви и слични неосновани напади на институцијата“.

Д.М.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ