• Latest

ОЈО Скопје ги отфрли кривичните пријави на ВМРО-ДПМНЕ за оддавање на класифицирани информации

April 26, 2021
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ОЈО Скопје ги отфрли кривичните пријави на ВМРО-ДПМНЕ за оддавање на класифицирани информации

April 26, 2021 14:42
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичните пријави поднесени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ против две лица за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување, Оддавање на класифицирани информации со степен „СТРОГО ДОВЕРЛИВО“ и „ДОВЕРЛИВО“ и Оддавање на воена тајна, соопштија од ОЈО Скопје.

Јавниот обвинител според известувањето на скопското обвинителство утврдил дека делата опфатени со кривичната пријава поднесена на 11 февруари не се кривични дела кои се гонат по службена должност.

Во пријавата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ, како што информираат од ОЈО Скопје, се наведувало дека првопријавената, како одговорно лице на институцијата не преземала мерки против второпријавениот, кој како службено лице кому му било доверено службено овластување да го менаџира безбедносниот мониторинг систем, со неизвршување на својата должност дозволил од тој систем да се изнесат и јавно да се објават класифицирани снимки, со што била нанесена сериозна штета на институцијата и на кандидат за пратеник на политичката партија – подносител. Според наводите во пријавата, четирите класифицирани снимки од безбедносните камери биле искористени за негативна медиумска кампања, а првопријавената имала обврска веднаш да побара тие да бидат повлечени и да покрене постапка за да се утврди кој е одговорен за нивната објава. Исто така, пријавената на својот Фејсбук профил објавила фотографија од класифицирана карта на АРМ, која претставува документ класифициран со степен ДОВЕРЛИВО. Второпријавениот, пак, на пресконференција објавил содржина на документ – сертификат класифициран со степен СТРОГО ДОВЕРЛИВО.

По извршениот увид во кривичните пријави, а со цел правилно утврдување на фактичката состојба, надлежниот јавен обвинител изврши проверки и достави барања за достава на податоци до наведената институција, па заклучоците ги донесе врз основа на прибавениот извештај, материјалната документација и целокупниот доказен материјал прибран во предметот.

Имено, беше утврдено дека записите од видеонадзорот во наведената институција се чуваат 30 дена по што автоматски се бришат, согласно Законот за заштита на личните податоци. Согласно наведеното, фактот дека предметните видео записи се направени на 02.12.2016 година укажува дека пропусти, како изнесување на тие записи и нивна објава можеле да се случат само во рок од 30 дена по снимањето т.е. во период кога овластување за ракување и менаџирање со безбедносниот систем имале други лица, а не пријавените. Дополнително, по инцидентот со објава на снимките во јули 2020 година, во институцијата била формирана комисија за да го утврди начинот на кој снимките излегле во јавност, но комисијата утврдила дека снимките веќе не се наоѓаат во системот за видео надзор, односно се избришани автоматски. Освен ова, со оглед на тоа што целиот систем за видео надзор не е класифициран согласно Законот за заштита на личните податоци, ниту снимките не можат да се сметаат за класифицирани.

–По повод информацијата објавена на Фејсбук профилот на првопријавената за ангажирањето на Армијата во справувањето со кризната состојба прогласена во општина Дебар, објавената карта не е обележана со соодветен степен на класификација и не може да се смета за класифициран документ со степен „ДОВЕРЛИВО“. Во исто време, посочената објава не претставува ниту воена тајна чие објавување би било санкционирано со член 349 став 4 од Кривичниот законик, соопштија од обвинителство, од каде посочија дека дадената изјава за медиумите од второпријавениот на 19 јануари, сите утврдени факти упатуваат дека во таа изјава не се содржани конкретни податоци кои посредно или директно посочуваат, опишуваат или даваат увид во содржина на документ кој би се сметал за класифицирана информација или воена тајна.

Во конкретниот случај, од доказите во предметот произлезе дека во дејствијата на пријавените не се содржани елементите од битието на конкретните кривични дела, ниту пак на друго кривично дело кое се гони по службена должност, соопштија од ОЈО Скопје.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ