Обединети нации ја поздравија одлуката на САД за отстранување на јеменските Хути од листата на терористички групи.
САД соопштија дека од 16 февруари јеменските Хути нема повеќе да бидат на лситата терористички групи, одлука донесена од администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен истакна дека одлуката на претседателот Џо Бајден е мотивирана од „страшната хуманитарна ситуација во Јемен и оти класифицирањето на Хутите како терористичка организација „би имало разорни последици по Јемен“.
Војната во Јемен помеѓу бунтовниците Хути, поддржани од Иран и провладините сили ескалираше во март 2015 година, кога воена коалиција предводена од Саудиска Арабија интервенираше против бунтовниците, кои контролираат поголем дел од земјата, вклучително и главниот град Сана. Во судирите убиени се над 110.000 луѓе, приближно четири милиони лица се раселени, а 80 проценти од 29-милионското население е зависно од хуманитарната помош.