Од 19 април, повеќе од 5 милиони луѓе ја напуштија Украина поради војната што ја води Руската Федерација.
Ваквите податоци ги објави Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), пренесува Укринформ.
Забележано е дека мнозинството – повеќе од 2,8 милиони луѓе – избегале во Полска. Повеќе од 757.000 луѓе отишле во Романија, повеќе од 549.000 – во Русија, 471.000 – во Унгарија, повеќе од 426.000 – во Молдавија, повеќе од 342.000 – во Словачка и повеќе од 23.000 – во Белорусија.
Според најновата проценка на Меѓународната организација на ОН за миграција (ИОМ), уште 7,1 милион украински граѓани се сметаат за внатрешно раселени, односно останале во земјата, но морале да ги напуштат своите домови.
Прочитајте исто така: Украинскиот министер за социјална политика и претставникот на УНХЦР потпишаа договор за проширување на пристапот на раселените лица
Како што е соопштено, Министерството за социјална политика и Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) во Украина потпишаа Меморандум за проширување на пристапот до социјалните услуги и паричната помош.
Подготви: Д.Мишев