• Latest

Орбан пред освојување на трет последователен премиерски мандат

April 5, 2018

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025

Злокобниот упад од 18 секунди и долгата сенка на руската хибридна војна против Европа

October 25, 2025

САД воведоа санкции врз колумбискиот претседател Густаво Петро и членовите на неговото семејство

October 25, 2025

Најмалку еден загинат, а 10 се повредени во руски балистички ракетен напад врз Кијив

October 25, 2025

Објава на Захарова на Телеграм, некритички пренесена во македонски медиум: класичен пример на пропаганда и историски ревизионизам

October 25, 2025

ОН и светските лидери обединети во борбата против сајбер криминалот – потпишана Ханојската конвенција

October 25, 2025

Вториот круг на локалните избори на 2 ноември – во тек пријавувањето на болни, немоќни и набљудувачи

October 25, 2025
Руте: НАТО работи на одржување на стабилноста на Западен Балкан

Руте: Лудата агресија на Путин не успева, поддршката за Украина дава резултати

October 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Орбан пред освојување на трет последователен премиерски мандат

April 5, 2018 11:52
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се очекува на парламентарните избори в недела да го добие својот четврти, од кои трет последователен, мандат на премиерксата функција.

Според последните анкети на јавното мислење, спроведени во пресрет на парламентарните избори, се очекува коалицијата на конзервативната полулистичка партија Фидес – Унгарска граѓанска алијанса на Орбан и на Христијанско демократската народна партија (КДНП) да освои меѓу 49 и 51 отсто од гласовите.

Ултранационалистичкото Движење за подобра Унгарија (Јобик) има меѓу 13 и 19 проценти поддршка, додека опозициската коалиција на Унгарската социјалистичка партија (МСЗП) на Гергеј Карочоњ и на еколошката Дијалог за Унгарија (ПМ) ужива меѓу 12 и 18 отсто доверба на гласачите.

Либералната еколошка партија Политиката може да биде поинаква (ЛМП) може да се надева на седум до осум отсто од гласовите, а за социјално-либералната Демократска коалиција на Ференц Ѓурчањ би гласале меѓу пет и седум проценти од Унгарците со право на глас.

Сите останати партии и коалиции учесничи на изборите уживаат поддршка на под три отсто од гласачите.

Доколку се остварат ваквите прогнози, коалицијата на Орбан ќе освои двотретинско мнозинство во Парламнетот, како и на изборите во 2010 година, што ќе му овозможи да врши промена на Уставот.

Опозицијата тврди дека токму таквото мнозинство му озвозможи на Орбан да усвои изборен систем во 2013 година, со кој обезбеди убедлива победа на Фидес на изборите следната година.

Противниците на Орбан обвинуваат дека со помош на државните медиуми, како и на приватните телевизии и весници блиски до него, тој создава „сигурна основа за продолжување на своите осум години на власт“.

Во прилог на големата поддршка на Орбан покрај „медиумската пропаганда“, одат и солидните економси показатели, имајќи предност дека Унгарија осма година по ред бележи економски раст, кој за оваа година се очекува да изнесува 0,4 отсто.

Сепак како главен столб на популарноста на Орбан се посочуваат неговата антимигрантска политика, остриот став кон плановите на ЕУ за распределба на бегалците според квоти меѓу земјите членки и пред се противењето на приемот на муслимански мигранти во Унгарија.

Во текот на мигрантскиот прилив преку „балканската рута“ во летото 2015 година, Орбан беше првиот европски лидер кој ги затвори границите за мигрантите и нареди изградба на ограда од бодликава жица долж граничната линија на Унгарија.

Тој беше и еден од најжестоките критичари на политката на германската канцеларка АНгела Меркел за „отворени врати“ за бегалците.

Ваквата реторика и мерки на Орбан наидоа на критики од Брисел, кој дури се закануваше и со санакции кон Унгарија, но од друга страна, таквата политика наиде на голема поддршка во унгарската јавност и придонесе за зацврстување на неговата популарност.

На изборите в недела околу 7,9 милиони гласачи ќе треба да ги изберат 199-те членови во унгарскиот Парламент. Од вкупниот број пратеници, 106 ќе бидат избрани според мнозинскиот модел, а 93 според проипорционалниот.

За избрани пратеници според мнзоинскиот систем ќе се сметаат кандидатите кои ќе освојат најмногу гласови во нивната изборна единици, при што се очекува огромно мнозинство од 106-те пратенички места да ги освои коалицијата на Орбан.

Според пропоционалниот систем пратениците се избираат од партиски листи според Донтовиот модел, при што изборниот цензус за партиите изнесува пет отсто, за двопартиските коалиции – 10 проценти, а за коалициските блокови составени од три или повеќе партии 15 отсто.

[divide]

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕУОрбан
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ