• Latest

Орден за слобода од лидерот Зеленски за нашиот Дерала, или „култура на спори рефлекси“

September 27, 2023
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
Фото: На 7 мај, Јодл потпиша безусловен „Акт за воено предавање“, Wikipedia

Историски факти: Западот наспроти Истокот, два датума, една победа над фашизмот

May 9, 2025

Ден на Европа: Зачетоци, формирање, значење и одбележување

May 9, 2025

Велика Британија објави нов пакет санкции против Русија кои вклучуваат директори на нафтена компанија

May 9, 2025
Фросина Кулакова

Васил Јованов призна вина за прегазувањето на Фросина Кулакова

May 9, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косово се соочува со политичка криза и санкции од ЕУ; Албанија два дена пред парламентарни избори; Рама најави отворање на третото поглавје

May 9, 2025
Фото: Укринформ

Фон дер Лајен: Европа останува сидро на стабилноста во еден свет што се менува

May 9, 2025

Кина потроши милијарди долари за развој на воена технологија; Конфликтот меѓу Индија и Пакистан би можел да биде нејзиниот прв голем тест

May 9, 2025
Фото: МИА архива

Службата за безбедност на Украина разоткрила шпионска мрежа на унгарската разузнавачка служба во Закарпатската област

May 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Пакистан отстапува простор за дипломатија пред да одговори на нападот на Индија

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Орден за слобода од лидерот Зеленски за нашиот Дерала, или „култура на спори рефлекси“

September 27, 2023 09:02
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Едно од општите места на оваа „балканска култура“ (а со тоа и македонска) е таа која ни вели дека не умее да ги почитува своите најдобри претставници за време на нивниот активен живот. Во овдешниот „културњачки процвет“ вообичаена работа е изникнатите цветови над сиромашната земја просечноста да ги сече, крши и откорнува на сите можни начини; кога од таквото силно шутирaње ќе дојде признание од друга, далеку поголема и посилна земја од твојата, тогаш нашите луѓе почнуваат грижливо да ги заливаат.

Ниту Џабир Дерала не успеа да му одолее на овој сликовит домашен обичај. Или поточно, домашните не успеаја да се воздржат од својот простачки менталитет. За својот ангажман, со години е напаѓан, маргинализиран, тужен, гонет, а после сите овие декади на „ангажиран живот“, стигна признание од претседателот на Украина, Зеленски, лично. Значи, не добива Џабир Дерала признание од нашите за својот богат ангажман, туку од земја која се наоѓа на далечина од 1.700 километри од нашата. И ова признание (зошто глупава и провинциска скромност?) на Дерала одамна му припаѓа.

Да бидам уште попрецизен: Македонската култура е култура на „успорени рефлекси“: ни требаше време за да разбереме кој е Џабир Дерала и каква вредност тој претставува.

И сега, како да ги слушам оние моронски гласови: „Зошто толкава возбуда околу некој активист, познат новинар и публицист“?, се прашуваат нашите закржлавени епско-патријахални трубадури и „телали“. Онаа сорта од луѓе за која делувањето во медиумите и граѓанскиот активизам претставува „бедна“ форма на писателствување, безвредно ломотење со рок на траење пократко од чаша со јогурт. На нашите скалила од културни вредности сè уште водат неталентирани скрибомани кои штанцаат илјадници страници за „страдањата, ама и големината на нашиот народ“. Се разбира, прекрасно е да се биде Томас Ман или Толстој, ама во право време и на право место…

„Случајот Дерала“ и орденот од Зеленски, многу „зорно“ покажува колку е неблагодарно да се биде граѓански активист и медиумски работник, интелектуалец кој не делува од некаков задушлив академско-кабинетски „офис“, туку влегуваш братко мил во бруталното општествено секојдневие, притоа браниш уште и туѓа земја која е нападната од својот прв и крволочен сосед.

Во средина и опкружување кое е фрустрирано не само од менталитетот и силната кастрација од медиумите, само ретки се одржуваат на површина и истрајуваат, не изневерувајќи го својот писателски занает и своите вредности со кои се форматирани. Ангажирани интелектуалци и граѓански активисти како Дерала, никогаш, барем за мене, не се „политички новинари“, а секогаш таквите во ваква средина се сомнителни и прогонувани од семоќната „политика“.

Немам никаков сомнеж, и сега знам – порано не знаев! – во авторитарни општества, важи изреката – „Сè е политика“. Затоа духот на слободата и креативноста бараше од себе, само на прва топка, некои маргинални места, „држи се на страна, никому не излегувај на патот“, затоа што само тогаш на керберите најмалку им влегуваш в очи. Затоа нашите најспособни луѓе и новинари беа прогонувани и ќе бидат и натаму прогонувани и клеветени, бидејќи „им влегуваат в око“ на нашето неталентирано просташтво. Но, сепак, онаа суштинска разлика измеѓу талентираните писатели (а Дерала е еден од нив!) и дилетантите (ги има али-ми-сакаш) беше и остана иста: овој последниот знае, дури и од најосуетените да извлече некаква корист за себе, а оној првиот – добриот автор и писател – знае дека нема добри и лоши теми, за сè може да се пишува добро ако се има добар талент.

„Баналноста лежи во писателот, а не во темата“, а Џабир Дерала многу добро тоа го знае. Затоа и стигна признание од местото на кое денес се крши не само Украина, туку се крши и самиот опстанок на човештвото. А, тоа, братко, не е мала работа. Всушност, поголема работа не постои.

Влијанието на Дерала во нашето новинарство е непроценливо. Тој нејбезнадежен новинарски поджарн, обично резервиран за слабо-способни читатели и тешко неписмени, мораше да претрпи стилско-јазичен десант. Дерала ваквата дисциплина ја растури од темел: принципот на лажна објективност го раскринка, деперсонализацијата ја замени со отворено навивање кон послабиот, кон жртвата, а јазичната униформност ја уништи со својата елоквенција и, што е најважно, Дерала активизмот и новинарството го третира како дел од една планетарно масовна култура.

Сè што Дерала прави сите овие години, го прави како автентичен писателски професионалец. Неговиот богат и исполнет живот, без разлика што патетично би можело да призвучи, заправо е онаа цена која ја плаќа професионалецот делувајќи во идеократско и дилетантско опкружување.

Зеленски не е човек од „нашиот сокак“, Зеленски е глобална икона на слободниот свет. А тоа не е малку, тоа признание кое ќе му биде врачено на Дерала, претпоставувам во Киjив, Украина, практично значи – да употребам „гејмерски жаргон“ – сте ја претереале играта до крајни граници. После тоа, сакале вие или не, сте испишале историја мимо вашата волја. Името ваше, заедно со останатите светски имиња од филмот, културата, новинарството и активизмот, вечно ќе свети во колективната меморија на слободните земји и слободните луѓе.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ