• Latest

Ордени за изборни ветувања, кандидатите за претседател и историскиот 5 мај

April 30, 2019

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ордени за изборни ветувања, кандидатите за претседател и историскиот 5 мај

April 30, 2019 14:00
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Биљана Јордановска

Понеделнички и, најверојатно, празнично расположен, кандидатот за претседател Стево Пендаровски, ја искористи изборната кампања за вториот круг за делење ордени. Во Штип вети дека ќе воведе орден „Киро Глигоров“, а во Струмица орден „Борис Трајковски“, се разбира доколку граѓаните го изберат за претседател.

„Би сакал да најавам дека како ваш иден претседател, ќе иницирам воведување Орден „Киро Глигоров“ кој ќе се доделува на заслужни граѓани кои дале придонес кон мирот и безбедноста во државата“, изјави Пендаровски во Штип и „најавувам дека како иден претседател ќе иницирам воведување на орден кој ќе го носи името и на вториот претседател на Република Македонија – Орден „Борис Трајковски“. Овој орден ќе се доделува на граѓани кои имаат личен придонес во развојот на мултикултурното, демократско општество“, изјави тој во Струмица.

Пендаровски пред струмичани и штипјани ја изрази и својата гордост и чест што имал прилика да ги познава и двајцата поранешни претседатели.

Во Аеродром, пак, Пендаровски потсети дека очекува десет пати поголема разлика од првиот круг. Добро е жителите од оваа општина да знаат дека нема друго чаре за младите освен ЕУ и за сите останати НАТО.

„Другата понуда е враќање назад, изолација и уназадување. Гласот за Гордана е гласање за нов Иванов. Поддршката за Мицкоски е глас за враќање на Груевски. Знам зошто голем дел од граѓаните не излегоа на гласање во првиот круг, но сега треба да излезат заради иднината на државата, да не дозволиме враќање на диктатура и режим.“, рече Пендаровски.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, која го придружуваше Пендаровски во Аеродром, потсети на 5 мај 2015 година, кога пред седиштето на Владата и низ центарот на Скопје беа тепани и малтретирани демострантите кои побараа правда за убиство на Мартин Нешкоски.

Шекеринска повика дека кога ќе се излезе на гласање на 5 мај, да се има на ум еден поинаков 5 мај, кога се бараше разрешување на тогашната Влада, а Гордана Силјановска Давкова молчеше, истовремено кога студентите беа тепани и затворани.

„Каде беше Гордана Сиљановска кога нејзините студенти ги тепаа, каде беше кога нејзините колеги ги уценуваа? Каде беше кога ги слушавме бомбите и кога се кршеше правната држава? Тогаш молчеше. Каде беше кога телевизии се затвораа? Тогаш не молчеше, туку оправдуваше. Доцна е сега да се зборува за правна држава, кога 11 години ја одмолча најлошата власт и сите неправди“, рече Шекеринска.

Што се однесува, пак, до повиканата Силјановска, таа се пофали дека можела и за Албанец да се омажи и дека имала многу пријатели Албанци цел живот, таа не е албанофоб, напротив, таа секогаш на сите граѓани им се обраќа подеднакво…

На вчерашните средби во Кичево, Струга и Охрид, Силјановска не пропушти да одржи уште едно предавање за правната држава. Но, го искористи моментот и да повика на бојкот, но на власта, а не на гласовите што ќе си седат дома. Не. Силјановска повикува, гласајте, ама за мене и така ќе се стигне и до предвремени парламентарни избори. Нешто што сигурно ќе го израдува нејзиниот поддржувач, ВМРО-ДПМНЕ.

Христијан Мицкоски, од Петровец порача дека на 5 мај очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ. Иако се работи за претседателски избори, Мицкоски е во филм на предвремени парламентарни избори. Како и да е, тој смета на гласовите на 5 мај како на гласови за неговата партија, веројатно и за да докажат дека она што било во минатото не се важи,а дека сегашната власт таа што е нечесна и се коцка со вистината.

Патот е еден, не дека не е, но останува да се види дали по тој пат граѓаните ќе одберат да чекорат заедно напред или ќе бара правда за татковината, на која ѝ треба мајка.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share46Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ