Повеќе од 250 лица од 20 националности кои работеле во центри за телекомуникациски измами во државата Карен во Мјанмар се ослободени од етничка вооружена група и донесени во Тајланд, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
Работниците, од кои повеќе од половината биле од африкански или азиски народи, биле примени од тајландската армија и се проценуваат за да се открие дали биле жртви на трговија со луѓе.
Минатата недела тајландскиата премиерка Паетонгтарн Шинаватра се сретна со кинескиот лидер Си Џинпинг и вети дека ќе ги затвори центрите за измама кои се намножија долж Тајландско-Мјанмарската граница.
Нејзината влада го запре пристапот до струја и гориво од тајландската страна на границата и ги заостри банкарските и визните правила за да се обиде да ги спречи операторите со измами да го користат Тајланд како транзитна земја за преместување работници и готовина.
Подготви: Д. Мишев