• Latest

Османи: Блокирање на Парламент во услови на криза е енергија на деструкција

May 4, 2022
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Блокирање на Парламент во услови на криза е енергија на деструкција

May 4, 2022 11:02
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Блокирање на Парламент во услови на криза е енергија на деструкција“, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, во однос на најавената активна блокада на собранието од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, јавува МИА.

Тоа е споменик на поделби, вели Османи за Утрински брифинг, посочувајќи дека сега на социјалните мрежи повеќе се зборува за споменикот на УЧК и се става во негативен контекст, отколку за обидот за блокирање на државата, чија цел на крај е да страдаат граѓаните од сите етнички заедници.

„Владата е единствена и апсолутно јасна во своите определби и ништо нема да ја поколеба во остварување на целите… Јавноста со право е фрустрирана поради економските текови кои се поврзани со надворешни фактори, како и од пандемијата и од забавувањето на европските текови, но работа на Владата е да ги води и предводи работи, а не да јава на расположенијата на граѓаните. Граѓаните се фрустрирани, но тие гледаат постратешки од многу политичари“, вели Бујар Османи.

Посочува дека државата нема да најде друга алтернатива на ЕУ, но дека се помалку има политички капитал – поддршка од граѓаните за, како што вели, бесконечно да продолжиме во ова малтретирање. Сепак, според Османи, мора да добиеме одговор од ЕУ што понатаму.

„Овие два месеца треба да се вложиме оти ова е една од последните шанси да ги надминеме разликите со Бугарија и да ги започнеме европските процеси“, вели Османи.

Османи, посочи дека ново во надворешната политика е воспоставувањето процес на следење на имплементацијата на стратешкиот договор со САД и покренување нови иницијативи во делот на економската соработка, енергетиката, одбраната, кибер заштитата, додека со ЕУ продолжуваат разговори на паралелни текови оти нашата цел е да создадеме европска и функционална држава.

„Поголема делегација заминува на 2 јуни за Вашингтон и која ќе го започне дијалогот со Стејт департментот. Последно пред неколку месеци Хрватска започна таков процес, но ние сме први од Западен Балкан, кој што го почнуваме и сметам дека е еден вид на признание, на сите наши општествени и државни постигнувања“, изјави Османи.

За односите со Русија, Османи рече дека се такви како што се и дека ние најжестоко ја осудивме руската агресија во Украина и врз основа на тоа преземаме одредени мерки.

„Вчера на Влада донесовме и препорака до општините да не учествуваат на настаните по повод 9 Мај, а се планираат од Руската амбасада во наредните три дена. Владата ги посоветува општините, затоа што не може да ги задолжи“, изјави Османи, посочувајќи дека нема сиви зони по ова прашња, или сте со демократскиот свет или сте со Русија, Белорусија и Северна Кореја.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ