• Latest

Османи – Дачиќ: Да се интензивира дијалогот и соработката во регионот

May 25, 2023

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Османи – Дачиќ: Да се интензивира дијалогот и соработката во регионот

May 25, 2023 13:02
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

ОБСЕ останува посветена на поддршката на реформските процеси во Србија и во регионот, порача претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи по средбата со првиот вицепремиер одговорен за надворешна политика и безбедност и министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ во Белград, соопшти МНР.

– Помирувањето, градењето доверба и борбата против корупцијата. Овие важни теми, заедно со решавањето на безбедносните предизвици од климатските промени низ регионален пристап, се трите главни приоритети за Западен Балкан на нашето Претседателство со ОБСЕ. Тие се точки на поврзување, заеднички потфати, кои можат и треба да нè обединат сите, рече Османи на средбата со Дачиќ.

Изразувајќи искрено сочувство за загубата на невините животи по немилите настани што ја погодија земјата, Османи во својство на претседавач со најголемата регионална безбедносна организација, се фокусираше на актуелните предизвици и можности.

– ОБСЕ денеска се движи низ бурни води. Руската воена агресија против Украина ги урна основните принципи на ОБСЕ. Како Претседателство, работиме на обезбедување на поддршка за функционална и флексибилна Организација, нудејќи разновидни алатки со цел да помогнеме во обновувањето на мирот и безбедноста. Наша цел е да го вратиме дијалогот и да ја промовираме соработката, истакна Османи.

Тој потенцираше дека состојбата во моментов бара колективно, одговорно одлучување, повеќе од било кога, како и задолжително зголемување на напорите за ефективен мултилатерализам, со цел воспоставување на мир и соработка. Тој изрази почит кон Мисијата на ОБСЕ во Србија, која обезбедува поддршка на државата во  градење силни, независни, одговорни и ефикасни демократски институции.

– Показателите за нашата успешна соработка, меѓу другото, зборуваат за зајакнување на доброто владеење, борбата против корупцијата и поволни услови за работа на медиумите. Ги поддржуваме напорите за поттикнување на помирување во Регионот, иницијативите на граѓанското општество, поврзувањето на младите и зацврстување на улогата на жените. Недискриминацијата, меѓусебното разбирање и партиципативната демократија ќе придонесат за поголема регионалната стабилност и безбедност, нагласи Османи.

истакна дека дијалогот и конструктивна соработка треба да бидат императив, изразувајќи силна поддршка од ОБСЕ за дијалогот Белград-Приштина, посредуван од ЕУ. Во тој контекст упати на важноста на состанокот што се одржа во Охрид со што дополнително се отвори патот за нормализирање на односите.

Претседавачот со ОБСЕ Османи најави дека посетата на Србија ќе ја продолжи во духот на мотото на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ „За луѓето се работи“ и ќе оствари средби со претставници на граѓанскиот сектор, како и посета на теренската канцеларија на ОБСЕ во Бујановац, каде што ќе се сретне со млади луѓе од различни заедници со цел да ја нагласи клучната улога на младите во трансформацијата на општеството и градењето стабилна, инклузивна и просперитетна иднина за регионот.

Фото: МНР

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ