• Latest
Фото/ Бујар Османи - извор Влада на Република  Северна Македонија

Османи од Грузија ја почнува посетата на Јужен Кавказ како претседавач со ОБСЕ

April 9, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи од Грузија ја почнува посетата на Јужен Кавказ како претседавач со ОБСЕ

April 9, 2023 13:17
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото/ Бујар Османи - извор Влада на Република  Северна Македонија

Фото/ Бујар Османи - извор Влада на Република Северна Македонија

Share on FacebookShare on Twitter

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, од утре е во посета на Јужен Кавказ. Четиридневната посета на Грузија, Азербејџан и Ерменија, Османи ќе ја започне од Тбилиси.

 На агендата на Османи се средби со највисоките државни претставници на Грузија, претседателката Саломе Зурабишвили и премиерот Иракли Гарибашвили, а покрај средбата, Османи со министерот за надворешни работи на Грузија, Илиа Дарчиашвили, ќе има и заедничка изјава за медиуми, стои во соопштението на МНР.

Претседавачот Османи во Грузија ќе ја пренесе и пораката од важноста на улогата на Грузија како земја учесничка на ОБСЕ која е клучно место за меѓурегионалните иницијативи како и дека ОБСЕ ќе продолжи да дава суштинска поддршка во спроведувањето на заложбите во трите димензии, што пак ќе придонесе за спроведување на внатрешните реформски процеси, истакнуваат од МНР.

Покрај официјалните лица, Османи ќе оствари разговар и со Делегација на Парламентарното собрание на ОБСЕ од грузискиот парламент, како и со претставници на граѓанскиот сектор и националните малцинства. Во рамки на посетата, заедно со Мониторинг мисијата на Европската Унија во Грузија, Османи ќе оствари теренски средби со граѓани од погодените региони со цел директно од нив да дознае повеќе за предизвиците со кои се соочуваат.

Посетата на Османи продолжува во Баку, Азерјбеџан каде што исто така ќе оствари средби со државниот врв. Агендата за Јужен Кавказ, Османи ќе ја заврши во Ерменија.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ГрузијаОБСЕОсмани
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result