Првиот вицепремиер и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, јавно побара неговиот противкандидат Бујар Османи да одговори дали е вистина дека најмалку двапати бил во Будимпешта на директна посета со Никола Груевски, се вели во соопштението на ВЛЕН.
Меџити најави дека откако Османи ќе одговори на ова прашање, ќе каже кога било и како било.
„Ќе поставам прашање-дали е вистина дека најмалку двапати бил во директна посета со Груевски, ќе почекам да видам како ќе одговори, па потоа ќе му кажеме кога било и како било“, изјави Меџити.
По два дена молк, кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, денеска одби да ја негира шпекулацијата дека имал средба со поранешниот премиер во бегство, Никола Груевски.
Кога беше директно прашан од новинарот – Дали имало или немало средба меѓу него и Никола Груевски?, Османи одлучи даде објаснувањата за „државни тајни“ и „класифицирани“ информации.
„Средбите на министрите за надворешни работи се класифицирани средби и по закон не можат да се откријат. Дури и да имало нешто такво, тоа ќе било во рамките на функцијата на министерот за надворешни работи“, рече Османи.