• Latest

Османи: Реализирани над 90 отсто од Планот 3-6-9, очекуваме чиста препорака

April 13, 2018

Русија повторно ја нападна украинската железница: двоен удар врз патнички воз во Запоришката област

July 18, 2026
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Османи: Реализирани над 90 отсто од Планот 3-6-9, очекуваме чиста препорака

April 13, 2018 13:22
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонија успеа да испорача исклучително продуктивна реформска агенда во изминатите девет месеци и е повторно вратена на европскиот пат. Ова е пораката што на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи му била пренесена во разговорите со претставници на Европската комисија за време на вчерашната посета во Брисел.

Тој истакна дека Планот 3-6-9 е реализиран над 90 проценти и очекува Европската комисија во својот извештај за напредокот на патот кон ЕУ на земјата да биде најдобриот досега и да содржи чиста препорака за почеток на пристапните преговори.

– Генерално, иако реализацијата на овој План не може да се изрази во проценти поради квалитативноста на некои мерки, надминати се и најоптимистичките очекувања и степенот на негова реализација е над 90 проценти. Од вкупно 103 мерки помалку од 10 не се реализирани, рече Османи.

Тој истакна дека реформите не застануваат, тука со завршување на Планот 3-6-9, туку ќе продолжат и понатаму, согласно шесте водечки иницијативи содржани во Стратегијата на Европската комисија за проширување 2025 и сугестиите во Извештајот на ЕК што ќе биде објавен на 17 април.

Според него, вистинска валоризација на овој успех ќе претставува и успешното надминување на прашањето за името со Грција, па преку почеток на преговори со ЕУ уште повеќе да се зголеми реформскиот курс на државата, а во насока на постигнување просперитетно општество.

Османи го поздрави и враќањето на опозицијата во Парламентот, која ги подджа дел од реформските закони. За тоа како е обезбедена поддршката од опозцијата за донесување на реформските закони со двотретинско мнозинство, Османи рече дека тоа е постигнато со прифаќање на забелешките дадени од опозицијата.

– Воспоставивме нов стандард во донесување на законите. Никогаш немало ваква инклузивност и отвореноста во донесување на некакви закони преку вклучување на невладин сектор, на опозиција, дури и се обврзавме дека и законите кои не бараат двотретинско мнозинство нема да ги донесем додека не добиеме согласност од опозиција (закон за заштита на сведоци), оти сега е време за државен консензус. Ова не е проект на една влада и на една политичка партија туку проект кој го бараат граѓаните на РМ, а огромното мнозинство се за влез во ЕУ и НАТО, рече Османи.

За тоа како е обезбедена поддршката од опозцијата за донесување на реформските закони со двотретинско мнозинство, Османи рече дека тоа е постигнато со прифаќање на забелешките дадени од опозицијата.

Во однос на обвинувањата од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека наводно тој го кочел спроведувањето на планот за реформи и дека за тоа имал договор со шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати, Османи рече дека станува збор за смешна изјава, во која не верува ниту самата опозиција.

– Не можам да ја разберам нивната опседнатост со барање непријателство кон Албанците, градењето на нивниот политички имиџ преку антиалбански сентимент. Се покажа за нив дека тоа е уништувачко за партијата и државата и продолжуваат со истиот наратив. Секогаш некои Албанци им се криви за прашања кои немаат врска со политичките прашања. Тоа нема логика затоа што Планот 3-6-6 е мое политичко чедо кое што го создадов и го израснав заедно со колегите во министерствата и во Владата. Секој ден го презентираме, луѓето велат дека и од фрижидер излегуваме поради секојдневните барања во Владата да се притиснат министрите побрзо да ги реализираат мерките. Така што не чувствувам потреба да објаснувам. За мене е најважно дека Планот ги надмина и моите очекувања. Тука има  90 проценти, но јас велам сто проценти, затоа што суштината на Планот е реализирана. Македонија е вратена на европскиот пат, Македонија е валоризирана како позитивна приказна во регионот која зрачи внатре и во регионот, тоа очекуваме да го каже и ЕК, рече Османи.

Според него, ваквите обвинувања, му личат на големоруски кујни за големи албании.

На новинарско прашање за законот за употреба на јазиците, кој за него е донесен бидејќи трипати ја добил поддршката во Собранието, Османи го повика претседателот Иванов, како што рече, да ја искористи можноста и во наредните денови да ја одигра улогата на кохезивен фактор во државата. Изрази уверување дека законот ќе се спроведе, и оти чекаат прво одлука од Иванов.


Извор: МИА

Tags: 90 процентиБујар ОсманиЕвропската комисијаПланот 3-6-9реализиран
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ