Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре патува за Република Полска каде ќе се сретне со својот домаќин, министерот за надворешни работи, Збигњев Рау.
Во рамките на работната посета на Варшава, Османи ќе оствари одделнa средбa и со претседателот на Комисијата за надворешни и ЕУ работи во полскиот Сенат, Богдан Клих.
Во фокус на разговорите на средбите, како што соопшти МНР, ќе биде европската агенда на Северна Македонија и поддршката на Полска во таа насока.
За време на средбите се очекува да се разговара и за билатералните односи, соработката во рамките на ОБСЕ, а посебен акцент ќе се стави на динамизирањето на економската соработка и трговската размена.