• Latest

Османи: Власта и опозицијата да постигнат договор и да ги поделат одговорноста и заслугите за ЕУ

October 14, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Османи: Власта и опозицијата да постигнат договор и да ги поделат одговорноста и заслугите за ЕУ

October 14, 2022 13:51
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сега е време за поблиска соработка меѓ у политичките партии, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, посочувајќи на уставните измени, реформите за ЕУ што треба да се спроведат, енергетската и економската криза. Во однос на преговорите со ЕУ, Османи смета дека лидерите на политичките партии треба да се сретнат и да си подадат рака, а опозицијата да биде одговорна за овие прашања во Собранието. Темата за ЕУ да не биде дневно политичко прашање, а одговорноста и заслугите, да бидат заеднички, вели Османи.

Тој ги повика првите луѓе на политичките партии, како што кажа, да смогнат сили и да се состанат за ова прашање. Вакво размислување, според Османи, има и во Владата.

-И тоа е пораката прво до лидерите на политичките партии, да се обидат барем за оваа тема. За оваа тема мора да си дадеме рака и да ја поделиме и одговорноста, но и заслугата утре. Никој да не може да се пофали дека направил нешто за ЕУ затоа што тоа ќе биде поделена заслуга. Опозицијата го води комитетот во Собранието, Владата во Влада, изјави Османи, одговарајќи на новинарски прашања откако завчера беше објавен Извештајот на ЕК за напредокот на земјава.

Министерот за надворешни работи смета дека темата за преговорите со ЕУ треба да биде настрана од дневната политика, посочувајќи на примерот со Хрватска.

-Ние мора тоа да го направиме, или на лидерска средба или во некаков друг формат да си подадеме рака едни на други, дека за сите теми ќе продолжиме да се натпреваруваме, дека за оваа тема мора да постигнеме консензус доколку сакаме да станеме членка на ЕУ. И нема друг начин, вели Османи.

Според него, во Хрватска клучно било оваа тема да биде надвор од дневно-политичките прашања и опозицијата и власта секогаш заеднички да најдат решенија за европскиот процес.

-Меѓутоа опозицијата била надлежна во Собранието за овие процеси, а се разбира Владата во институциите. Тој договор на тогашниот хрватски премиер и тогашниот лидер на опозицијата се смета дека било клучниот момент за Хрватска за толку години да го заврши овој процес, додаде министерот Османи.

Европската комисија, како што посочи, констатира дека Собранието не е на ниво на задачата токму поради поларизацијата и обидот за блокирање на законодавниот дом.

– Нема да навлегувам во прашањата од дневнополитички активности, во однос на законите коишто се поврзани со ЕУ, мора да седнеме и да постигнеме договор којшто ќе ги надмине рамките на еден мандат, државен договор меѓу политичките партии дека за оваа тема, независно кој е утре на власт, независно кој е во опозиција, имаме еден ист став. Нема друг начин. Само ќе вртиме во круг и ќе заглавиме, рече Османи.

Прашан за тоа дали би ја повикал Алијанса на Албанците да биде дел од Владата, Османи повтори дека не може да прејудицира какви ќе бидат конкретните соработки во следниот период, но дека времето изискува поблиска координација меѓу политичките партии. Кризата и реформите за влез во ЕУ, како што кажа, бараат поблиска соработка.

-Дали тоа ќе значи некаква формална соработка не можам да прејудицирам. Само го објаснувам контекстот дека сега е време за поблиска соработка помеѓу политичките партии, рече Османи.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ