• Latest

Османи во Приштина: Единствена алтернатива за регионот е членството во НАТО и ЕУ

April 23, 2021
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Османи во Приштина: Единствена алтернатива за регионот е членството во НАТО и ЕУ

April 23, 2021 11:58
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи допатува денеска во еднодневна официјална посета на Приштина, каде што претпладнево се сретна со шефицата на косовската дипломатија, Доника Грвала, по што беше примен и од претседателката на Косово, Вјоса Османи.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, шефовите на дипломатиите на двете земји, на заедничка прес-конференција во косовското МНР ја отфрлија, како мошне опасна, секоја идеја за промени на границите во регионот и ја нагласија важноста на соработката меѓу соседите.

Одговарајќи на прашањето за наводниот словенечки нон пејпер за „конечно решавање“ на националните прашања во Западен Балкан преку промени на границите, Османи порача дека единствена алтернатива за регионот е неговото зачленување во НАТО и интегрирањето во Европската унија.

– Ние не смееме да упаднеме во таа стапица, бидејќи тој документ, за кој се тврдеше дека е изготвен од словенечкиот премиер, е демантиран од страна на Словенија и мислам дека не е во ред истиот да го поврзуваме со таа држава. Единствена алтернатива е ширењето на НАТО за мир и интегрирањето во Европската унија, изјави Османи.

Неговата колешка, Грвала изјави дека и самото споменување на тие тези претставува опасност за стабилноста на регионот.

– Опасно е кога се појавуваат такви тенденции, со поделби и етнички линии, затоа е сосема јасно дека за нас нема значење тој документ, но е мошне опасен, бидејќи поттикнува конфликти, оцени Грвала.

Двајцата министри ги оценија односите меѓу Северна Македонија и Косово како исклучително добри и најавија нивно натамошно продлабочување

Османи информира за содржината на разговорите со неговата колешка, како и за дел од активностите на  Владата на Северна Македонија во правец на регионалното поврзување.

– Ме радува добрата соработка меѓу двете суверени и демократски држави, за создавање длабоко и цврсто пријателство, бидејќи тоа отвара можности за двете земји. Разговаравме за многу конкретни прашања и фокусот беше на економски теми, зајакнати инфраструктурни врски, олеснување на транспортот на стоки и многу други работи. Информирав за работите на автопатот од Скопје до границата со Косово, како и за нашиот проект за поврзување на Блаце, преку Скопје, Тетово, Кичево, со Струга и Ќафасан, со што ќе се заокружи Коридорот осум, како што бараат нашите граѓани, изјави Османи.

Шефот на македонската дипломатија рече дека Скопје е подготвено да ги стави на располагање на Приштина искуствата со зачленувањето во НАТО и интегрирањето во ЕУ.

– Северна Македонија, како членка на НАТО целосно ја поддржува евроатлантската перспектива на Република Косово. Изразив задоволство што од годинава и припадници на Армијата на Северна Македонија се во составот на КФОР. Наша амбиција е целосното интегрирање на шесте земји од Западен Балкан во ЕУ и како земја преговарач со ЕУ спремни сме да ги ставиме на располагање на Косово сите наши досегашни искуства во тој правец, рече Османи.

Тој додаде дека Северна Македонија ги поддржува напорите за затворање на отворените прашања во регионот, вклучително дијалогот меѓу Приштина и Белград, до меѓусебно признавање на двете држави.

– Република Северна Македонија го поддржува дијалогот меѓу Косово и Србија и смета дека негова конечна цел треба да биде меѓусебното признавање на двете држави и европскиот пат на целиот регион, изјави Османи.

Шефицата на косовската дипломатија рече дека соработката меѓу двете земји е пример за регионална соработка и нагласи дека нивна заедничка цел е зачленувањето во ЕУ.

– Северна Македонија е меѓу стратешките партнери, со кој имаме околу 30 договори за соработка и слободно можеме да кажеме дека овие две држави се пример за соработка и добрососедство, давајќи добар пример за целиот регион. Косово и Северна Македонија се движат по истиот пат, а тоа е интеграцијата во ЕУ, изјави Грвала.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ