Перуанскиот министер за култура Салвадор дел Солар поднесе оставка како реакција на помилувањето на поранешниот претседател Алберто Фуџимори, осуден за злосторства против човештвото.
Солар, актер и режисер, оставката ја објави на Твитер. Тој веднаш се спротивстави на помилувањето на Фуџимори, кое се случи пред неколку дена од хуманитарни причини.
Поради тоа, оставка поднесе и претседателскиот советник Масимо Сан Роман, како и тројца пратеници од партијата на претседателот Педро Пабло Кучински, кој го помилува Фуџимори на Бадник.
Одлуката на претседателот Роман за помилување предизвика незадоволство кај Перуанците кои го обвинија дека на тој начин се обидува да се задржи на власт со помош на поддржувачите на Фуџимори во Парламентот.
Фуџимори беше претседател од 1990 – 2000 година. Во април 2009 година беше осуден на 25 години затвор. Тој има 79 години и страда од прогресивно, дегенеративно, неизлечиво заболување, што беше причина за негово помилување.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.