• Latest
Кишида и Зеленски, 21 март 2023 (фото извор: веб страница на Претседателот Зеленски)

ОСТРИ КОНТРАСТИ: Додека Џинпинг се дружи со „драгиот пријател“, воениот злосторник, Путин, јапонскиот премиер Кишида ја посети Украина во знак на силна и недвосмислена поддршка

March 22, 2023

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026

Скопје добива нов план за воздухот до 2031 година – клучно прашање е кој ќе го спроведува

November 11, 2026

Аферата „Алта банка“: Дали Мацура ќе проговори за газдите на парите и кој ја отвори вратата во Скопје?

November 11, 2026
Албин Курти (фото извор: ФБ страница на Албин Курти)

Курти бара промена на српската политика кон Косово по изборната победа на студентите

November 11, 2026
Абу Даби преговори за Украина, 10 ноември 2026 (CBS News screenshot)

Преговорите за Украина во Абу Даби: Главните прашања и изгледите за договор

November 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

ОСТРИ КОНТРАСТИ: Додека Џинпинг се дружи со „драгиот пријател“, воениот злосторник, Путин, јапонскиот премиер Кишида ја посети Украина во знак на силна и недвосмислена поддршка

March 22, 2023 07:00
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, КОНТЕКСТ, СВЕТ, ТОП 5
Кишида и Зеленски, 21 март 2023 (фото извор: веб страница на Претседателот Зеленски)

Кишида и Зеленски, 21 март 2023 (фото извор: веб страница на Претседателот Зеленски)

Share on FacebookShare on Twitter

Јапонскиот премиер Фумио Кишида допатува во Украина во знак на силна и недвосмислена поддршка на земјата која се бори против руската брутална агресија. Оваа посета се совпаѓа со посетата на кинескиот претседател Ши Џинпинг на Русија. Кишида го посети гратчето Буча, во близина на Кијив, каде што беа извршени грозоморни воени злосторства во првите неколку недели по почетокот на руската агресија.

Јапонското министерство за надворешни работи соопшти дека за време на неговата посета, Кишида „ќе покаже почит кон храброста и трпението на украинскиот народ кој стои да ја брани својата татковина под водство на претседателот Зеленски и ќе покаже солидарност и непоколеблива поддршка за Украина“, пренесе Гласот на Америка на македонски јазик.

„Светот беше згрозен од убиството на невини цивили во Буча пред една година. Навистина чувствувам голем гнев поради злосторството кога го посетив токму тоа место овде“, изјави Кишида, објави Ројтерс, а пренесе Вашингтон Пост.

Премиерот Кишида посети црква која беше место на една масовна гробница. Тој ја посети и изложбата на фотографии од она што е откриено таму и положи цвеќе за да им оддаде почит на жртвите. Јапонскиот лидер изрази сочувство „во име на јапонските државјани“, објави Ројтерс.

„Геополитичкото значење на денешната посета на јапонскиот премиер Фумио Кишида на Кијив е непроценлива. Прв пат од крајот на Втората светска војна, јапонски премиер посети воена зона. Исто така, додека рускиот претседател Владимир Путин, прогласен од МКС како воен злосторник, е домаќин на својот кинески колега во Москва. Јапонија неодамна го засили своето учество во Украина, главно хуманитарна помош и економски. Јапонската помош за Украина ќе надмине 5,5 милијарди долари“, напиша писателот и аналитичар на глобалните прашања, Мајкл Босиуркив, на социјалните мрежи.

Со оглед на тоа што јапонскиот премиер Фумио Кишида ја посети Украина додека рускиот претседател Владимир Путин е домаќин на кинескиот лидер Кси Џинпинг во Москва, Вашингтон Пост потсетува дека Јапонија има територијални спорови со двете држави, руската и кинеската. Москва минатата година ги прекина преговорите за спорните северни острови меѓу Јапонија и Русија, а Пекинг веќе подолго време се обидува да присвои неколку јапонски острови.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Кијив, со што стана првиот повоен јапонски лидер кој посети активна воена зона и последната членка на Групата седум најразвиени нации чиј највисок претставник ја посети во Украина за да ја покаже поддршката.

Совпаѓањето на посетата на Кишида на Украина со онаа на Џинпинг на Русија се оценува како коинциденција, според познавачите на планирањето, но, сепак, претставува симболичен и остар контраст меѓу двете азиски нации.

Џ. Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ