• Latest

Остри критики од официјална Атина до грчката црква за ставовите за терминот Македонија

January 11, 2018

ИЗБОРНА ХРОНИКА: На пет дена до втор круг од локалните избори – ветувања за исчистено Скопје во рок од 72 часа, финансиска поддршка од 7000 денари за пензионерите, разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Остри критики од официјална Атина до грчката црква за ставовите за терминот Македонија

January 11, 2018 10:37
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дали црквата чекори заедно со Златна зора? Ако не, пак, црквата да ни каже за кое име да преговараме со Скопје. Црквата се меша во дипломатски прашања, а не сака државата да се меша во црковните случаи. Ова се дел од прашањата и дилемите на извори од грчкото МНР, според „Катимерини“, по одлуката на Светиот синод на Грчката православна црква, дека не го прифаќаат ниту терминот Македонија ниту било кој друг изведен збор во името на нашата земја.

„Катимерини“, јавува дописникот на МИА од Атина, во денешното издание, во текстот под наслов „Отворен фронт со црквата за името“, пренесува ставови на Министерството за надворешни работи на Грција.

Неколку часа по соопштението од ГПЦ, извори од грчкото МНР, за весникот остро ја коментирале одлуката на црквата, поставувајќи пет теми:

1. Дали раководството на црквата одлучи да чекори заедно со неноацистичката конструкција на Златна Зора?

2. Дали црквата реши отворено да се меша во политиката на земјата? Ги премина границите на нејзините надлежности. Ако не, можеби да ни каже црквата и кое име го сака, за владата за тоа име да преговара со Скопје.

3. Црквата не се ни потруди да ја праша владата за да биде информирана за текот на преговорите.

4. Црквата се меша во државни и дипломатски случаи за сериозни национални прашања од надворешната политика, а во исто време не сака државата да се меша во нејзините свети случаи.

5. Црквата треба да биде особено внимателна и да се фокусира на националниот интерес, а не на личните интереси на архијереите.

Овие ставови на изворите од грчкото МНР за „Катимерини“, ги коментирал член на Светиот синод на грчката православна црква, кој рекол дека црквата не се меша во политиката, но има право да го изрази своето мислење, „слушајќи ги агониите на грчкиот народ“.

– Бидејќи прашањето, освен национално и политичко, е и црковно, Министерството за надворешни работи нека ги испрати неговите прашања до главната православна црква, до Вселенската патријаршија во Истанбул, која најдобро од сите ги знае прашањата што се однесуваат на расколничката црква на Скопје, која самата се нарекува „македонска“, коментирал за „Катимерини“, член на Светиот синод на ГПЦ.

Како што вчера јави дописникот на МИА од Атина, Светиот синод на Грчката православна црква по дводневната седница, го повтори ставот дека не прифаќа терминот Македонија или било каков друг изведен збор да биде вклучен во името.

Смета дека името на државата ќе има влијание и врз името на како што велат, „расколничката самопрогласена македонска црква“, а според грчките медиуми, Светиот синод испратил допис до грчкиот премиер Ципрас за да ги изрази ставовите на црквата.

„Грчката црква со слово и крв на свештенството и народот има сведочено за грчкиот карактер на Македонија од античко време, затоа не може да прифати доделување на терминот „Македонија“ или изведени зборови како компонента во името на друга држава, што ќе има влијание и во името на расколничката самопрогласена црква на „Македонија“. Исто така, очекуваме од одговорната грчка влада, која управува со прашањето, да ја разбере загриженост на црквата, која е загриженост и на вселенскиот хеленизам“, соопштија, како пренесе вчера МИА,  од грчката православна црква.

На крајот од дводневната седница, грчкиот архиепископ Јеронимос, рече дека црквата има секакво оправдување да се интересира за конкретното прашање поради огромната раздвиженост што постои, поради тоа што не е само национално, туку и црковно прашање.


извор: МИА


Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Одговорноста за редакциското опремување на текстовите (наслов, наднаслов, фотографија, тагови) е на ЦИВИЛ Медиа.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Грчка цркваЗлатна зораМакедонијанеприфаќањеСветиот синодот
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ