• Latest

Осум македонски автори во нова „Антологија на современиот балкански расказ“ на грчки јазик

May 17, 2020
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Осум македонски автори во нова „Антологија на современиот балкански расказ“ на грчки јазик

May 17, 2020 12:06
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во својот книжевен избор со вкупно 71 раскази од сите дванаесет балкански земји, авторот д-р Ставрос Г. Дајос селектирал дури осум прозни творби на писатели од нашава земја: Ташко Георгиевски,  Влада Урошевиќ, Томислав Османли, Ким Мехмети, Оливера Ќорвезироска, Шазим Мехмети, Румена  Бужаровска и Шкелзен Халими.

Во издание на грчката издавачка куќа „Литератус” од Солун објавена е „Антологијата на балканското расказно творештво“ („Ανθολογία της βαλκανικής διηγηματογραφίας”). Со изборот на раскази од сите современи балкански литератури, реализиран на 428 страници, книгата го опфаќа целиот период од XX и XXI век.

Потребата од создавањето оваа нова антологиска објава авторот и издавач Дајос ја објаснува со динамично променетата балканска реалност.

– По големите историски промени од 1990-те години означени со расточувањата на структурите од источниот појас и со жестокиот распад на југословенската федерација, се појавија нови состојби, потреби, теми, автори и видувања, а беа поставени и нови критериуми за изразување и за задоволување на литературните поттици на современото  балканското етничко, државно и јазично расејување, смета тој. Некои од тие нови појави, заклучува  антологичарот Дајос, ги пополнува овој опсежен прозен избор.

Неговата „Антологија на балканското расказно творештво“, опфаќа 68 писатели, 71 кратки раскази и 34 преведувачи, од дванаесетте балкански држави. Тоа се автори, смета антологичарот, кои добиле врвни литературни награди или кои добиваат книжевни потврди од литературната критика, како и од квалификуваните читатели. Меѓу застапените автори се и великаните на балканската литература: нобеловците Иво Андриќ и Орхан Памук, како и книжевни доајени како Мирослав Крлежа, Елин Пелин, Андонис Самаракис, Исмаил Кадаре и други истакнати писатели на поширокиот балкански книжевен регион.

Антологијата застапува избор на прози од осум современи македонски писатели, од неколку генерации: академиците Влада Урошевиќ (1934) со расказот „Тешка ноќ“ и Ташко Георгиевки (1935-2012) со „Црвениот коњ“, потоа Томислав Османли (1956) со „Шапката на професорот Даштевски“, Оливера Ќорвезироска (1965) со „Бошко Буха“ и Румена Бужаровска (1981) со „Мојот маж поет“, од авторите кои создаваат на македонски, како и нашите автори кои пишуваат на албански јазик: Ким Мехмети (1955) со расказот „Куќата на крајот од селото“ , Шазим Мехмети (1958) со „Смртта на старецот“ и  Шкелзен Халими (1961) со расказот „Берта“. Преводите од македонски јазик се на Костас Катсанос (преведувач на три раскази), како Васко Караџа, и Мариа Думба (по една проза), додека од албански преводите ги реализира Дајос. 

Инаку, претходната „Антологија на балканскиот раказ“ на авторот Јанис В. Бенекос и атинското книгоиздателство „Воцис Никос“, во Грција била објавена во далечната 1981 година, со по пет автори од вкупно шесте тогаш постојни  балкански земји, поточно со вкупно 30 застапени балкански писатели. Новата антологија на Ставрос Дајос, македонскиот расказ го става рамноправно со творештвото во жанрот на кусата проза од единаесетте останати балкански држави.

Како што известуваат од книгоиздателството „Литератус”, антологијата на балканскиот расказ, дистрибуирана во сите големи книжарници на соседната земја, на широкото грчко читателство му станува достапна деновиве.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ