• Latest

Осум од десет родители во Македонија со насилни методи ги дисциплинираат децата

November 5, 2018

Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

September 9, 2025

24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

September 9, 2025

Обвинителство и ДИК формираа Комисија за следење изборни нерегуларности за Локалните избори 2025

September 9, 2025
Фото: Милица Ѓурѓевиќ / Фејсбук

(ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

September 9, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Орце Ѓорѓиевски

„ЕXIT“ не доаѓа во Скопје – предизборна манипулација на Орце Ѓорѓиевски, кандидатот за градоначалник на Скопје

September 9, 2025

МВР најави информирање за нови правила за патување во ЕУ од 12 октомври

September 9, 2025

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ Медиа: Политичките претставници на Македонците едноставно со премолчување го дозволуваат дивеењето на големосрпската пропаганда

September 9, 2025

Само „Левица“ не ја потпиша декларацијата за фер, слободни и демократски избори

September 9, 2025
Одбележување на годишнина од Битката на Кајмакчалан
Извор: Слубена ФБ страница на српската министерка за труд и социјала Милица Ѓурѓевиќ

Идентитетот во селективен процес на умирање: „Српски свет“ со официјален печат на македонската власт

September 9, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Кој е виновен за состојбата на „Вардариште“?

September 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Осум од десет родители во Македонија со насилни методи ги дисциплинираат децата

November 5, 2018 12:19
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Осум од десет родители во Македонија применуваат насилни методи  за да ги дисциплинираат своите деца, без разлика дали станува збор за физичко или психолошко насилство. Тоа може да има големо негативно влијание врз нивниот психички, физички, социјален, емотивен и когнитивен развој. Затоа во Македонија почнува кампања „И родителството се учи“ која има за цел, заедно со другите мерки што ги презема државата, да ги промени ваквите состојби, да укаже на последиците од насилното однесување кон децата, оти има и друг начин на родителско однесување, но и да им понуди поддршка на радителите за одговорно родителство.

-Родителството не е секогаш лесно. Тоа веројатно е најтешката задача. Велиме дека тоа е индивидуална работа, секој со своето дете во домот, во семејството, Но, тоа не е така. Ние сите влијаеме на наштите деца, тие се идните генерации на нашето општество и општеството има обврска да создаде продуктивни граѓани кои ќе се развиваат во здрава средина, ќе се чуствуваат моќно и сакано и потоа ќе даваат продонес во унапредување на целото живеење во Македонија, рече Царовска.

Таа смета дека преку градинките може да се даде дополнителен квалитет во воспитувањето на децата, но и насочување и едукација на родителите. Македонија, рече, има 15 советувалишта во градинките што прават напори за давање поддршка во учење на одговорното родителство, но, додаде,  тоа треба да се работи поинтензивно, и со други активни мерки.

– Ако ги научиме родителите да бидат добри и посветени, директно влијаеме врз социјалниот, емотивниот и интелектуалниот развој на секое дете, а тоа е човечкиот потенцијал на земјата, рече Царовска.

Министерот за дравство Венко Филипче истака дека во првите години од животот човечкиот мозок се развива со најголема брзина, и оти тогаш секое поединечно искуство влијае врз развојот и го обликува начинот на кој детето размислува, се однесува, чуствува и учи во текот на животот.

– Истражувањата покажуваат дека деца кои се сведоци или сами страдаат од насилство многу веројатно ќе страдаат од насилство како возрасни, но можат и да станат насилници, рече тој.

Потенцира дека Министерството ќе прави напори и за зајакнување на патронажните служби како први кои доаѓаат во контакт со родителите, но и  за зајакнување на капацитетите на здравствените работници за препознавање, упатување и заштита на децата жртви на насилство.

Зајакнување на стручните служби се планира и во образовниот процес. Како што рече министерот за образование и наука Арбр Адеми, тоа ќе се прави со цел да можат да дадат стручна поддршка и совети за родителите, особено ако кај нивните деца се забележи несоодветно однесување за возраста, намалување на успехот или отсуство од настава.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар истакна дека ова е проблем во цела Европа. Податоците од СЗО се алармантни, вели, и покажуваат дека секое 10-то дете е сексуално злоупотребено, секое четврто дете е предмет на насилство, а речиси секое трето дете е подложено на психолошка злоупотреба. Кај децата со попреченост резултатите покажуваат, дури три пати поголеми бројки во однос на податоците за другите деца.

–  Извештајот на ЕК за Македонија од оваа пролет покажува дека иако правата на детето се втемелени во законот, постојното законодавство мора да се спроведува. Овој извештај, исто така, наведува дека има многу мал капацитет за обезбедување поддршка, заштита и грижа за децата. Мило ми е што гледам дека сега се одвива акција која ќе даде осврт на сите овие прашања, а која ја предводат сите три министерства присутни денеска, со поддршка и помош на УНИЦЕФ, рече Жбогар.

Претставникот на УНИЦЕФ во земјата Бенџамин Перкс истакна дека оваа кампања и реформи не се одвива само тука, туку во повеќе делови во светот и почнува да произведува резултати. Причината поради која се спроведува се темели, вели, на сознанијата од последните 20-30 години дека 85 отсто од развојот на човечкиот мозок се случува во првите 5-6 години од животот и дека емотивниот, социјалниот и когнитивниот развој на децата се случува во текот на овој период и никогаш повеќе нема да се повтори со истата брзина во текот на  животот. Клучниот двигател на ваквиот раст и позитивниот детски развој во овој период е односот што детето го има со родителите во домот, а најголема закана за ова е запоставеноста од насилното и дисфункционално родителство.

-Според податоците на СЗО во Западен Балкан едно од три деца растат во емотивна запоставеност, гледаме и многу форми на физичко насилство и на дисфункционално родителство. Добра вест е што ова може сега да се третира преку интервенции во јавните политики за јакнење на здравствените посети на патронажните сестри, се до помош за родителите да комуницираат подобро и да се вклучат со децата преку универзален пристап во претшколските установи, а потоа и во основновните и средни училишта. На овој начин и се помага на земјата да стане отпорна и да се ублажи ефектот на насилството и запоставеноста на децата за да се развиваат и станат најдобри верзии од себе кога ќе минуваат низ животниот циклус, што е битно и за социјалниот и економскиот развој на општетството, вели Перкс.

Кампањата  е дел од регионален проект финансирана од ЕУ, и поддржана од УНИЦЕФ. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: АА/Фејсбук

    (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Јаневска контра Мицкоски: Учебници има, па нема, ама ќе има…

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Војводи“ нападнале средношколци во Тетово, двајца уапсени, полицијата трага по уште други напаѓачи

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ