Руската војска продолжува да се соочува со просторни, логистички и технички предизвици за време на нивниот напад врз источниот украински регион Донбас, при што украинските вооружени сили ги одбиваат нивните напади, пренесува Укринформ разузнувачки информации од Министерството за одбрана на Велика Британија.
Според ажурирањето, руското гранатирање и нападите на линијата на контрола во Донбас продолжуваат да растат, при што Украинците одбиваат бројни обиди за напредување на руските сили.
„Способноста на Русија да напредува и понатаму е под влијание на просторните, логистичките и техничките предизвици штои се испречуваа досега, во комбинација со издржливоста на високо мотивираните украински вооружени сили“, соопшти британското разузнавање.
Според извештајот, неспособноста на Русија да го запре отпорот во Мариупол и нивните неселективни напади, кои му наштетија на цивилното население, укажуваат на нивниот континуиран неуспех да ги постигнат своите цели толку брзо колку што би сакале.
Генералштабот на вооружените сили на Украина претходно извести дека од 06:00 часот на 20 април, руските трупи се прегрупираат со цел да ја продолжат својата офанзива кон градот Лиман во областа Доњецк. Напаѓачите ги концентрираат своите главни напори на заземање на Мариупол, продолжувајќи да ја напаѓаат областа на фабриката Азовстал.
Подготви: Д.Мишев